IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 26.09.2017 || „Таргет“ се вклучува во ценовната војна  |  Срѓан Златичанин е новиот генерален директор на „Фриком“  |  Извозот на вина и пијалаци се зголеми за 12%  |  „Алди“ ги отвора првите безнински пумпи  |  „Лидл“ ќе продава производи направени според стари семејни рецепти  |  „Кока-кола активна зона“ во Радовиш  |  „Шпар“ - прв меѓународен синџир во Белорусија  |  „Макпрогрес“ ја презема „Дониа“  |  Prohibition – нова безалкохолна верзија на Budweiser  |  „Браун-Форман“ ја зголеми продажбата  |  Oд понеделник во продажба Добриот леб   |  „Крафт-Хајнц“ заинтересирани да го преземат „Данон“  |  „Млекара Плана“ вторпат на продажба  |  „Перно Рикар“ најавува зголемување на продажбата  |  Првата пратка производи тргна за Москва  |  Најважна е поддршката на домашните компании  |  „Ахолд Делез“ е меѓу лидерите за одржливо работење  |  „Жито“ во Петровец, прв во таа општина  |  Нова сезона на „Полица за домашните“ во „Лидл“  |  Златни медали за вината на „Тиквеш“ во Кина   |   ||
   

Словенија: „Шпар“ - Словенија го најави 100-тиот објект

16.03.2017

Перформансите на „Шпар" - Словенија во 2016 година биле во согласност со поставените цели. За 2017 година компанијата ги најавува трговскиот центар „Шишке" во Љубљана и 100-тиот малопродажен објект во земјата.

Преставувајќи ги резултатите од работењето во минатата година и плановите за тековната, генералниот директор Игор Мервич истакна дека тргувањето со непрехранбени артикли бележи раст, а тргувањето со храна е во благ пад.

Годината што помина за „Шпар" – Словенија била во согласност со поставените цели, а главен настан годинава ќе биде изградба на трговскиот центар „Шишка" во Љубљана, инвестиција од околу 100 милиони евра.

Минатата година компанијата остварила 743 милиони евра приходи од продажба, 2,4 отсто повеќе во однос на 2015. Билансот на крајот од годината за компанијата во бројки значел 99 сопствени продавници и 10 франшизи и 4.504 вработени.

Успешно работевме во сегментот на нашите ресторани, што укажува дека гостите знаат да ја ценат комбинацијата од квалитет и ниски цени, но и дека се зголемува хранењето надвор од домот, оцени директорот на „Шпар" - Словенија, споделувајѓи ги резултаите од анализата на ГфК за задоволството, односно незадоволството на купувачите од трговските синџири. 

„Шпар" - Словенија во 2016 година бележи повеќе од 880.000 сопственици на картичките за доверба Spar plus, а во новата година проолжуваат и со успешната акција „Стартувај Словенија" (Štartaj Slovenija) во која бираат нови производи, односно им даваат шанса на домашните производи да бидат присутни на полиците на „Шпар".


Назад
 

        
 
 
 
back to top