IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 18.08.2018 || Законот за петокраката може да го забрани Heineken  |  „Констелејшн брендс“ вложува 5 милијарди долари во марихуана  |  Скопско ги враќа маалските дружби во Карпош  |  Нов начин на пакување на бананите  |  Наскоро ќе се знае судбината на „Равница“  |  Во Србија храната се купува на одложено  |  „Унилевер“ има нов логистички партнер  |  Реновиран „Рамстор“ во Ново Лисиче  |  „Шпар“ ќе отвори уште 80 објекти  |  Успешно прво полугодие за „Баерсдорф“  |  Осмислена првата паметна кошница за мед  |  ЕУ одобри извоз на млеко од БиХ  |  Спорните соини шницли на „Виталиа“ содржат ГМО  |  За домашната ракија ќе се плаќа акциза  |  „Лидл“ го намалува прехранбениот отпад  |  Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски  |  ГМО во сојата на „Виталиа“ и во кочански ориз  |  Нови награди за македонските вина  |  „Нели“ ќе произведува бонбониера Azbuka  |  АВТ нов дистрибутер на „Вернер & Мерц“  |   ||
   

Македонија: Со „Start smart“ до мултимедијален простор за учење

13.02.2018
Компанијата „Нестле" со панел дискусија за значењето на дигитализацијата во образованието, ја најави кампањата „Start smart" со која ќе се собираат средства за отворање мултимедијален центар во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски".
Следејќи ги светските трендови, Националната библиотека почна процес на дигитализација на книгите и архивите, а како што истакна Марко Цуцуловски, менаџер на Националната библиотека, на денешната панел дискусија, поддршката на „Нестле" е важна за да се дигитализира библиотечното градиво и со мултимедијалниот центар тоа да стане уште подостапно.

Бренд-менаџерот на Nescafé 3in1 Соња Шљивиќ, истакна дека компанијата „Нестле" смета дека сите промени почнуваат од едукацијата и токму тоа е причината за почнување на кампањата „Start smart" во чии рамки ќе се одвојуваат средства од продажбата на секој производ Nescafé 3in1 и Nescafé 2in1 кои ќе бидат донирани за креирање на мултимедијален центар во библиотеката.

Новиот простор за учење и професионален напредок ќе им помогне на младите и талентирани луѓе да најдат подобри можности за работа. Како меѓународна компанија имаме одговорност да им помогнеме на младите да им се обезбеди адекватно образование и вештини, истакна Шљивиќ. 

Покрај читањето на дигиталното градиво, новиот мултимедијален центар ќе биде користен и за организација на работилници и обуки за младите, како и за филмски проекции и панел дискусии.


Младите се на социјалните мрежи
Дури 94% од милениумската генерација се активни на социјалните мрежи и користат апликација за комуникација - „Фејсбук" е најчесто користена алатка за комуникација (93%), потоа „Вајбер" (71%), „Инстеграм" (61%), „Ватсап" (58%) и „Твитер" (17%), покажува минатогодишното истражување на компанијата „Нестле", спроведено во регионот.



Назад
 
 
 
 
back to top