IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 26.09.2017 || „Таргет“ се вклучува во ценовната војна  |  Срѓан Златичанин е новиот генерален директор на „Фриком“  |  Извозот на вина и пијалаци се зголеми за 12%  |  „Алди“ ги отвора првите безнински пумпи  |  „Лидл“ ќе продава производи направени според стари семејни рецепти  |  „Кока-кола активна зона“ во Радовиш  |  „Шпар“ - прв меѓународен синџир во Белорусија  |  „Макпрогрес“ ја презема „Дониа“  |  Prohibition – нова безалкохолна верзија на Budweiser  |  „Браун-Форман“ ја зголеми продажбата  |  Oд понеделник во продажба Добриот леб   |  „Крафт-Хајнц“ заинтересирани да го преземат „Данон“  |  „Млекара Плана“ вторпат на продажба  |  „Перно Рикар“ најавува зголемување на продажбата  |  Првата пратка производи тргна за Москва  |  Најважна е поддршката на домашните компании  |  „Ахолд Делез“ е меѓу лидерите за одржливо работење  |  „Жито“ во Петровец, прв во таа општина  |  Нова сезона на „Полица за домашните“ во „Лидл“  |  Златни медали за вината на „Тиквеш“ во Кина   |   ||
   

Македонија: Скопје го доби првиот аутлет за храна

11.09.2017

На почетокот на септември, во центарот на Скопје, до зградата на УЈП, на бул. „11 Октомври", бр. 115, беше отворен нов концепт на маркет на македонскиот пазар. Станува збор за „Лидер фуд аутлет", кој нуди добро познати производи „под цена", односно по цени од 50% до 90% пониски од редовните. 

Водени од податокот дека огромни количества храна се фрлаат секојдневно, сопствениците на „Толлакс",  дојдоа до идеја да отворат аутлет-маркет. Овој концепт на работа добро функционира во многу држави низ светот, а најблиску во нашиот регион го има во Хрватска. Во маркетот се продава храна со краток рок на траење, во зависност од категоријата и до 6 месеци, вишоци на произведена роба во производствените капацитети и во дистрибутивните центри која е со добар рок, како и т.н. лом роба  (скршени чоколада, оштетенa амбалажа) со пониска цена, подостапна за потрошувачите, вели за InStore менаџерот на „Лидер фуд аутлет", Александер Јаковиќ. 

За да не дојде до забуни меѓу потрошувачите, во продавницата на секој од производите освен цената, јасно и видливо е истакнат и датумот на истекот на рокот на траење, односно причината за намалување на цената.

Јаковиќ ни објасни дека почетокот бил навистина тежок, со оглед на новиот концепт на работење, но дека со многу напор успеале целосно да ја снабдат продавницата за што се благодарни на доставувачите и производителите што ја поддржаа идејата. Сепак, тие и понатаму остануваат отворени за соработка со нови доставувачи, сè со цел во својата продавница да понудат квалитетни производи по вистински „аутлет"-цени. Како што најави тој, доколку концептот се покаже како успешен, најавуваат отворање на нови локации на аутлет-маркети за храна со што би биле поблиску до потрочувачите.  


Назад
 

        
 
 
 
back to top