IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 17.12.2017 || „Атлантик група“ ја презема дистрибуцијата на Red Bull   |  Основано здружение на доставувачи на „Агрокор“  |  Пораст на продажбата на „Метро кеш & кери“  |  „Хенкел“ - Србија прослави 15 години работење  |  Поддршка на „Тиквеш“ за центрите за згрижување деца  |  „Витаминка“ ги најави плановите за идната година  |  Вегетаријанците „одат“ на смрзнато  |  „Хајнекен“ вложува во фабриката во Хаен  |  „Марс“ е малцински сопственик на „Кајнд“  |  Втора продавница „Робин фуд“  |  Аqua Viva со две глобални признанија  |  АХВ: Не се увезени небезбедни производи на „Лакталис“  |  „Хајнекен“ гради фабрика од 85 милиони евра  |  Храната за доенчиња Celia Expert 2 повлечена од пазарот  |  „Гомекс“ отвори маркет во Бајмок  |  Тони Балажич преминува во „Панвита“  |  Во „Амазон“ работат 120.000 роботи  |  Нова фабрика на „Ла линеа верде“ до крајот на годинава  |  Основан е Клуб на извозници  |  „Теско“ претстави вина со понизок процент на алкохол  |   ||
   

Македонија/Регион: Скопје ќе биде центарот на бизнис-настаните во ЈИЕ во октомври

27.07.2017

Темата на годинешното издание на „Самит 100 за бизнис-лидери од Југоисточна Европа" ќе биде „поврзување" од сите можни аспекти.

На 16 и 17 октомври, Скопје ќе биде центарот на бизнис-случувањата од регионот ЈИЕ и домаќин на шестиот „Самит 100 за бизнис-лидери од Југоисточна Европа". Примарната цел на самитот ќе биде да се изнајдат конкретни идеи, проекти и предлози за подобрување на поврзаноста во регионот од сите економски и општествени аспекти.

Темата на годинешното издание на самитот ќе биде „поврзување" од сите можни аспекти, вклучувајќи транспорт и бесплатно карго, проектот „Зелена Балканика" кој цели да ја направи ЈИЕ центар за електричната мобилност во европската инфраструктура, брендирање и промоција на регионот, мобилност на луѓето, енергетика, дигитализација итн. Главен гостин ќе биде еврокомесарот за транспорт – Виолета Булц, а ќе бидат присутни околу 150 бизнис и политички лидери од регионот на ЈИЕ, специјални гости од Европската Комисија, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициона банка, Нордерн, Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд и други.

Самитот е бизнис-иницијатива, која почнала во 2011 година, како поттик за бизнис-заедницата од регионот да преземе одговорност за бизнис и економска интеграција. Настанот на едно место ги собира најеминентните бизнис-лидери од Словенија, Хрватска, Србија, БИХ, Црна Гора, Македонија, Косово и од Албанија. Иницијатори и организатори на „Самит 100" се „Алкалоид", заедно со Асоцијацијата на менаџери од Словенија, Асоцијацијата на менаџери од Србија, Хрватската асоцијација на работодавачи, фондацијата „Атлас" од Црна Гора, „ББИ банка" и „АСА холдинг" од БИХ.


Назад
 

 
 
 
back to top