IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 26.09.2017 || „Таргет“ се вклучува во ценовната војна  |  Срѓан Златичанин е новиот генерален директор на „Фриком“  |  Извозот на вина и пијалаци се зголеми за 12%  |  „Алди“ ги отвора првите безнински пумпи  |  „Лидл“ ќе продава производи направени според стари семејни рецепти  |  „Кока-кола активна зона“ во Радовиш  |  „Шпар“ - прв меѓународен синџир во Белорусија  |  „Макпрогрес“ ја презема „Дониа“  |  Prohibition – нова безалкохолна верзија на Budweiser  |  „Браун-Форман“ ја зголеми продажбата  |  Oд понеделник во продажба Добриот леб   |  „Крафт-Хајнц“ заинтересирани да го преземат „Данон“  |  „Млекара Плана“ вторпат на продажба  |  „Перно Рикар“ најавува зголемување на продажбата  |  Првата пратка производи тргна за Москва  |  Најважна е поддршката на домашните компании  |  „Ахолд Делез“ е меѓу лидерите за одржливо работење  |  „Жито“ во Петровец, прв во таа општина  |  Нова сезона на „Полица за домашните“ во „Лидл“  |  Златни медали за вината на „Тиквеш“ во Кина   |   ||
   

Македонија: Се укинува царината за смрзнато свинско месо за преработка

12.09.2017

По неколкугодишно барање, месната индустрија конечно доби укинување на прелевманот и царината за увоз на смрзнато свинско месо за преработка.

Одлуката се очекува да стапи на сила на 1 октомври, а со тоа, како што беше речено на денешната прес-конференција на Здружението на месната индустрија при Стопанската комора, на оваа индустрија ѝ се дава можност да биде конкурентна на домашниот пазар, да ја зголеми искористеноста на капацитетите и да овозможи нови вработувања.

Со предлог-мерката на Владата, која е прифатена од компаниите што преработуваат месо, а се очекува да ја прифатат и производителите, се предвидува да се укине царината при увоз на смрзнато свинско место за преработка, која зависно од категоријата се движи од 19, 25 и 36 проценти.

Оваа мерка е компромис меѓу преработувачите и производителите и со неа очекуваме да се воспостави ред на домашниот пазар, рече Слободан Кутревски од компанијата „Пекабеско", членка на Здружението. Според него, мерката во практика, треба да ја смени состојбата во маркетите што досега им одела во прилог на странските производи, кои полнат три полици, а домашните – само една полица.

Влатко Ѓоргиевски од компанијата МИК „Свети Николе", исто така членка на Здружението на месната индустрија, смета дека со новата мерка, домашните преработувачки капацитети ќе добијат рамноправна положба со странските производители, кои доаѓаат на домашниот пазар со пониски цени.

Според проценките, со примената на оваа мерка, производството на трајни и на полутрајни производи годинава домашните капацитети ќе го зголемат за 16.000 тони или речиси за 30% повеќе во однос на минатата година, а извозот ќе се зголеми за 10 проценти.

Потребите од полутрајни и трајни преработки на месо годишно во земјава изнесуваат околу 17.000 тони, од кои, 65% се од домашно производство и 35% од увоз, односно се увезуваат околу 6.000 тони.

На прес-конференцијата беше посочено дека на домашниот пазар нема доволно месо за преработка и оти тоа што ќе се понуди, се откупува. Уверуваат дека смрзнатото месо за преработка нема да заврши во трговијата, посочувајќи дека за тоа ќе има ригорозни казни, па дури и одземање дозвола за работа.

Од регистрирани 50 компании за преработка на месо, во земјава работат 38 компании, од кои 15 се регистрирани за производство на полутријани и трајни производи со капацитет од 45.000 тони на годишно ниво.


Назад
 

        
 
 
 
back to top