IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 20.10.2017 || Очекувајте го октомврискиот број на InStore   |  ССК прогласен за шампион за мал бизнис  |  Е-продажбата ќе надмине 1 трилион долари до 2027 година  |  Наскоро „Шпар“ ќе го отвори стотиот објект во Словенија  |  „Универекспорт“ отвори сопствен дистрибутивен центар  |  Сè поголем извозот на рускиот пазар  |  „Синагога“ со значително зголемени приходи  |  Отворен логистички центар на „Воли“  |  „Кауфланд“ ги зголемува платите за 11%  |  140 години работење на „Мирна“ од Ровињ  |  „Винаг“ продаден за речиси 2 милиони евра  |  Најбитно е да имате добра идеја   |  Увоз на храна во вредност од 101 милијарда евра  |  Дрон што ќе ги полни електричните автомобили во движење  |  Детали за преземањето на „Дониа“  |  Ајварот Perustija – достапен и на домашниот пазар  |  Скопје во центарот на бизнис-настаните во ЈИЕ  |  Огромен интерес за производите на „Макпрогрес“ на „Ануга“  |  „Алибаба“ ќе инвестира 15 милијарди долари во логистика  |  Црква ќе ги враќа верниците со црковно пиво  |   ||
   

БИХ: Sarajevski kiseljak пристигнува во Ирак

10.08.2017

Ирак е новиот пазар за производите на сараевската компанија за пакувана вода и безалкохолни пијалаци „Сарајевски кисељак". Првата пратка минерална вода Sarajevski kiseljak веќе е на пат кон Ирак и се очекува деновиве да се појави во продавниците, со адаптирани етикети на арапски јазик.

Извозниот аранжман е за ирачкиот пазар е во соработка со парнерската компанија „Емарт Ал-Кхалиј", соопшти производителот.

Извозот во Ирак е нов успех за нашата компанија, кој сигурно позитивно ќе влијае на извозните резултати кои бележат двоцифрен пораст во однос на истиот период минатата година. Нема да запреме овде, туку и понатаму ќе бараме нови можности, вели директорот за продажба и маркетинг на компанијата „Сарајевски кисељак", Давор Чичиќ.

Неодамна компанијата го направи првиот чекор на блискоисточниот пазар, со пласман на производите во Саудиска Арабија. Околу 30% од производите на „Кисељак" се пласираат на странските пазари, во земјите од поранешна Југославија, во Австрија, Германија, Холандија, Данска, Литванија, Шветска, како и во САД, Канада и во Австралија.


Назад
 

        
 
 
 
back to top