IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 18.06.2018 || Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |  МОЛ го купи производителот на минерална вода „Фонте вива“  |  „Номад фудс“ ја презема „Ент Бесис“  |  Вегански производи во сите супермаркети „Веитрос“  |  Нарачки од „Мигрос“ на само едно копче  |  „Алди зид“ ја отвори илјадитата конџепт-продавница  |   Продолжување на проектот „Кауфланд“ - училиште за овошје и зеленчук  |  „Алди“ и „Лидл“ најатрактивни за Португалците  |   ||
   

Македонија: ССК прогласен за шампион за мал бизнис

19.10.2017

По изборот на првиот шампион – „Гугл", минатиот месец Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССК) со проектот „Светска мрежа за мали бизниси" официјално е прогласен за втор шампион за мал бизнис од Светската трговска организација (СТО) и од Интернационалната стопанска комора (ИСК).

Прогласувањето официјално беше проследено со заедничка изјава на директорот на СТО Роберто Азеведо, генералниот секретар на ИСК Џон Данилович, како и на претседателката на ССК Даниела Арсовска.

Малите и средните претпријатија (МСП) ќе учествуваат во проектот „Светска мрежа за мали бизниси" за полесно интегрирање на регионалните и на меѓународните пазари, олеснување на пристапот до информации и градење на капацитетите за извоз. Ќе бидат идентификувани тие МСП, кои имаат потенцијал за трговија на меѓународно ниво, а во моментов, имаат ограничени можности, вештини и пристап до странските пазари, изјави Арсовска.

Во заедничката изјава ден претходно, Азевадо истакна дека станува збор за креативен проект, нов дигитален продажен излог за МСП, кој ќе им овозможи на фирмите да ги промовираат производите и услугите, како и да ги користат можностите за обуки.

Учеството на МСП во меѓународната трговија е мало, најчесто поради сложени трговски постапки. Новите технологии помагаат да се надминат овие пречки и да им се отвори поле за меѓународна трговија на малите и средните компании. Во таа насока, градењето инклузивен трговски систем е од големо значење.


Назад
 

 
 
 
back to top