IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 24.02.2018 || „Маџид ал Футам“ отвора уште 100 објекти „Карфур“  |  „Диа“ оствари бруто-продажба во износ од 10 милијарди евра  |  Рамљак поднесе неотповиклива оставка  |  Пораст на „Шпар“ од 6,5% по проширувањето  |  За 40-от роденден, Стоби Флипс во вселената  |  Успешно спроведена докапитализација на „Бадел 1862“  |  „Нектар“ закупи најголемо земјиште во Владичин Хан  |  „Фереро“ ќе лансира сладолед Kinder, кој ќе го произведува „Унилевер“  |  dm најави партнерство со „Деметер“  |  „Универекспорт“ ја демантираше поврзаноста со лажната наградна игра  |  „Рекит Бенкисер“ најавува финансиско заздравување  |  Наскоро лабораторија за контрола на квалитетот на карловачките вина  |  „Алди норд“ и „Алди зид“ ќе соработуваат во натпреварот со „Лидл“  |  Турци заинтересирани за изградба на најголемата кланица  |  „Амазон“ отвора неколку дистрибутивни центри  |  Американците се „жедни“ за Corona  |   „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |   ||
   

Македонија: СКМ: Од блокадите на Коридорот 10 трпи целата економија

17.03.2017

Стопанска комора на Македонија одржа тркалезна маса за можностите и алтернативите за сигурност снабдувањето со стоки и нафтени деривати, во која учествуваа преставници на приватните компании и надлежните државни институции.

Периодот на зачестени блокади на сообраќајот и застојот во превозот на стоки во патниот и железничкиот сообраќај кон Република Грција, кои не се инцидентни и краткотрајни, им нанесуваат значителни и ненадоместливи загуби на компаниите, а загуби трпи целата економија, констатираа учесниците.

Покрај финансиските негативности, компаните трпат последици и во деловните односи со партнерите, како резултат на неисполнувањето на договорените услови, пробивање на роковите, зголемените трошоци, што негативно влијание на довербата и ја доведува во прашање понатамошната соработка.

Во најголема мера се погодени производите од металуршкиот и металопреработувачкиот сектор, трговијата со акцизна стока (нафта и тутун), со текстилни производи и мермер, а штети трпат и логистичките оператори, транспортните компании од патниот сообраќај и двете компании од железничкиот сообраќај „МЖ Транспорт" и „МЖ Инфраструктура"

За надминување на овие проблеми, беше констатирано, треба да се гледа пошироко, зашто последиците не ги трпи само приватниот сектор, туку целата економија, се намалува атрактивноста на Коридорот 10, а странските компани го насочуваат транспортот кон други патни правци.


Назад
 

 
 
 
back to top