IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 24.02.2018 || „Маџид ал Футам“ отвора уште 100 објекти „Карфур“  |  „Диа“ оствари бруто-продажба во износ од 10 милијарди евра  |  Рамљак поднесе неотповиклива оставка  |  Пораст на „Шпар“ од 6,5% по проширувањето  |  За 40-от роденден, Стоби Флипс во вселената  |  Успешно спроведена докапитализација на „Бадел 1862“  |  „Нектар“ закупи најголемо земјиште во Владичин Хан  |  „Фереро“ ќе лансира сладолед Kinder, кој ќе го произведува „Унилевер“  |  dm најави партнерство со „Деметер“  |  „Универекспорт“ ја демантираше поврзаноста со лажната наградна игра  |  „Рекит Бенкисер“ најавува финансиско заздравување  |  Наскоро лабораторија за контрола на квалитетот на карловачките вина  |  „Алди норд“ и „Алди зид“ ќе соработуваат во натпреварот со „Лидл“  |  Турци заинтересирани за изградба на најголемата кланица  |  „Амазон“ отвора неколку дистрибутивни центри  |  Американците се „жедни“ за Corona  |   „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |   ||
   

Словенија: Словенечката влада го усвои „Лекс Меркатор“

18.04.2017

Словенечката влада во четвртокот го усвои предлог-законот за заштита на претпријатијата, кои се од системско значење за земјата, т.н. „Лекс Меркатор".

Со законскиот предлог, државата ќе може да именува времени управители на компаниите со повеќе од 6.000 вработени, кои имаат проблем со солвентноста. Законот, кој веќе го доби називот „Лекс Меркатор", има за цел да спречи прелевање на финансиската криза во словенечкиот синџир супермаркети „Меркетор" од неговиот сопственик – хрватскиот концерн „Агрокор". На тој начин, ќе се спречи „Агрокор" да ги користи финансиските средства на „Маркатор", компанија која иако е дел од концернот, финансиски е независна.

Словенечката влада наведува дека законот се однесува на препријатија, кои се од системско значење за финансиската стабилност на Словенија. Владата потенцира дека со законот не сака да имплицира или да создаде впечаток дека одредени работни места во Словенија се загрозени, потенцирајќи дека „Меркатор" засега функционира стабилно.

„Меркатор" вработува речиси 11.000 луѓе во Словенија, а неговото кумулативно учество во словенечниот БДП изнесува 10 проценти.

Поради финансиските проблеми на „Агрокор", Хрватскиот сабор на 7 април по итна постапка усвои Закон за постапка за принудна управа во трговските друштва од системско значење за државата, кој беше наречен „Лекс Агрокор". Трговскиот суд во Загреб на 10 април, на предлог на хрватската влада, го именуваше Анте Рамљак за принуден управник на „Агрокор" и воведе забрана за покренување судски, извршни и управни постапки против концернот и против 24-те компании кои се дел од него.


Назад
 

 
 
 
back to top