IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 17.08.2017 || Експанзија на „Шпар“ во Албанија  |  Хрватска го повлече спорниот правилник  |  „Кока-кола активна зона“ во Гостивар  |  „Випро“ одбележа 25 години од основањето  |  Нов „Жито маркет“ во Битола  |  Sarajevski kiseljak пристигнува во Ирак  |  „Феркам“ отвори претставништво во Белград  |  Сладоледите Ledo пристигнаа во „Пинго досе“  |  Во Македонија не се увезени небезбедни јајца  |  „Сапоро“ ја купи „Анхор бруинг“  |  „Кауфланд“ лансира нов концепт на трговски објекти  |  Продадена „29 Новембар“ од Суботица  |  Smoki одбележува 45 години јубилеј  |  „Чипс веј“ на врвот во Европа  |  Производи на „Звијезда“ во Јужна Кореја  |  Послаб род на хмељот годинава  |  Западен Балкан во трговска војна со Хрватска  |  „Амазон“ бара 50.000 работници  |  Пораст на добивката за 12% за „АБ Инбев“  |  „Лидл“ го кредитира градот Пула  |   ||
   

Хрватска / Португалија: Сладоледите Ledo пристигнаа во „Пинго досе“

10.08.2017

Хрватскиот производител на сладоледи „Ледо" деновиве ја испорача првата пратка производи во португалскиот трговски синџир „Пинго досе" (Pingo Doce), водечкиот малопродажен синџир во Португалија.

 

Сладоледот на стапче Coco Majestic, со вкус на кокос, со прелив од млечно чоколадо, со парчиња кокос, произведен во „Ледо", ќе биде дел од асортиманот на приватната трговска марка Majectic „Пинго досе" е дел од прехрнбената групација „Жеронимо Мартинс" (Jerónimo Martins), лидер меѓу дистрибутерите на храна во Португалија и во Полска.

Ова е само почеток на соработката со „Жеронимо Мартинс". Веќе подготвуваме нови проекти за пазарите во Португалија и во Полска. Конкуренцијата на европските пазари на сладолед е исклучително остра, но „Ледо" успеа да се наметне со својот квалитет и иновативност, вели Томислав Чавлек, директор за извоз во „Ледо".

Околу една третина од своето производство „Ледо" пласира на дваесетина странски пазари, од кои, според количината на извезени произоди, најзначајни се пазарите во регионот.

Производите на „Ледо" се присутни на полиците на светските трговски синџири „Теско", „Ошан", „Хофер", како и во трговските мрежи на „Дејмон Ворлдвајд" и IFCCO груп.


Назад
 

        
 
 
 
back to top