IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 20.05.2018 || Едукативен и инспиративен ден за паметење  |  Утре се одржува 4. FMCG Summit Скопје 2018  |  „Игло“ ја зголеми продажбата за 15%  |  Ванилата поскапа од среброто  |  Нова инвестиција на „Даути комерц“  |  Потрошувачите ги избраа производите на годината  |  „Хенкел“ останува посветен на продолжување на порастот  |  Цените на индустриските производи пониски на месечно, повисоки на годишно ниво  |  Решенија за поефикасно и поефективно работење  |  Преработувачите очекуваат поголема конкурентност на домашниот пазар  |  „Монделез“ го презема „Тејтс бејк шоп“  |  „Нестле“ ќе го продава кафето на „Старбакс“  |  Плаќање со мобилен телефон во „Меркатор“   |  Се укинуваат временските ограничувања за продажба на алкохол  |  Потрошувачката на пиво е најголема во последните пет години  |  „Подравка“ со најдобри резултати во историјата  |  Суперлативи од „Вајн адвокејт“ за три вина на „Стоби“  |  „Виталиа“ ќе вработува ученици по нивното матурирање   |  „Меркатор“ забележа загуба од 181 милион евра  |  „Лидл“ им ги зголеми платите на вработените  |   ||
   

Македонија: Решенија за поефикасно и поефективно работење

11.05.2018
Компанијата „Сигма СБ" организираше настан за промоција на софтверските решенија и производите на „Зебра", на кој присутвуваа околу 90 претставници од секторот за трговија со стока за широка потрошувачка.
Настанот наречен „'Дегустација' на производите на 'Сигма-СБ" и „Зебра'" примарно беше наменет за супермаркети, маркети, логистички центри, дистрибутери и производители, на кој промотивно беа прикажани решенијата на овие две компании.

Говорниците од „Зебра", Невена Раденковиќ, Небојша Кадиќ и Јован Поповиќ накратко зборуваа за трендовите во малопродажбата, траспортот, логистиката, производството и здравството, каде се очекува дигитализацијата да навлезе во секој мал дел од работењето. Според очекувањата, на тој начин во голема мера ќе се намали времето што се троши за извршување на одредена обврска, ќе се зголеми ефикасноста, а со тоа и профитот. По, претставувањето на трендовите следуваше запознавањето со производите на „Зебра".

Во излагањето на Славчо Бујаровски од „Сигма-СБ", присутните се запознаа и со решенијата што оваа компанија ги нуди, а кои во голема мера можат да го олеснат работењето и да ја зголемат ефикасноста.



Назад
 

 
 
 
back to top