IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 23.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

Свет: Расте добивката на „ПепсиКо“

05.10.2018
Американскиот производител на безалкохолни пијалоци „ПепсиКо" има зголемена добивка во третото тромесечје од годинава благодарејќи на зголемената продажба во Северна Америка и вложувањата во маркетинг и во развој на нови производи на пазарите што уште се развиваат.
 
Заклучно со 8-ми септември, нето добивката на компанијата се зголеми 16 отсто, односно на 2,5 милијарди долари. Нето приходите пораснаа 1,5 отсто, на 16,49 милијарди долари. 

Растот на безалкохолни пијалоци во Северна Америка е 2,3 отсто, што во компанијата го препишуваат на ширење на понудата на негазирани пијалоци и минерална вода и на лансирање на нови брендови како што се Lifewtr  и Bubly.

Во речиси идентичен процент на истиот пазар пораснаа и приходите од продажбата на грицките Frito-Lay. Компанијата вложуваше и во огласување на познатите Pepsi, Diet Pepsi i Pepsi Zero, за да си го врати делот од пазарот што ѝ го одзеде Coca-Cola.



Назад
 
 
 
 
back to top