Лидија Ракуша
ја презема челната функција во одделот за маркетинг во „Лидл" – Словенија, каде
што претходно беше одговорна за медиумски закуп.

Пред
доаѓањето во словенечкиот тим на „Лидл" во октомври 2015 година, Ракуша била долгогодишен
директор на проекти за развој на нови бизниси во медиумската агенција ОМД –
Словенија. Таа има искуство во управување со стратешки медиумски настап на бројни
словенечки и меѓународни клиенти, регионална координација на голем број меѓународни
клиенти, како и за стекнување на нови корисници.