IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 26.09.2018 || „Старбакс“ укинува работни места   |  Род од 60.000 тони мандарини   |  Јужна Кореја забрани кафе во училиштата   |  Tри нови медали за вината на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“  |  Холандскиот синџир „Шпар“ влегува на пазарот   |  "Food show“ на 5-ти и 6-ти ноември во Белград   |  Голема побарувачка на производите без глутен   |  Голема забава со Петко, „Поточиња“ и вкусна храна пред Веро Тафталиџе  |  Данците бараат органска храна   |  „Едека“ воведува ласерски етикети   |  „Веро“ трајно ги намали цените на 650 производи   |  Се продава „Навип винарство“   |  Кроасаните 4U добија интернационален сертификат   |  „Метро“ најави продажба на хипермаркетите „Реал“  |  Македонија со национален штанд на најголемиот прехранбен самит во ЈИЕ   |  „Фонтера“ првпат работи со загуби   |  Сарај доби „Coca-Cola Aктивна зона“   |  Кочанскиот ориз не е со ГМО   |  „Витаминка“ изложува на саемот Worldfood Москва 2018   |  „Бовин“ прослави две децении постоење   |   ||
   

Македонија: Прва конференција „100 жени претприемачки“

29.11.2017

За успех на жените во бизнисот, неопходно е да направат баланс со приватниот живот и да имаат повеќе доверба во себе, како и паралалелна максимална поддршка од сите чинители во општеството, беше главната порака на конференцијата „100 жени претпримачки".

Според изнесените статистички податоци, 59% од жените во Европа се вработени, а кај мажите тој процент изнесува 70%. Во земјава, 37% од жените се вработени и 56% од мажите, а во повеќето семејства (75%) работат и мажот и жената.

За разлика од пред десетина години кога имаше повеќе образовани мажи, денес во целиот западен дел на светот од факултетите излегуваат 60% жени и 40% мажи. Ако се погледне состојбата на пазарот на труд, се гледа дека на позициии со поголема моќ, влијание и пари има повеќе мажи. Тоа е недоволна економска искористеност на жените – државата вложила во образованието, но подоцна знаењето недоволно се искористило, рече Диана Кобас-Дешковиќ, експерт во областа на женското лидерство.

Настанот, кој првпат се случува во земјава, се одржа вчера во центарот „Аликас" во Визбегово, во организација на „Касиа евентс". На него присуствуваа жени-претприемачки од земјите на Балканот.


Назад
 
 
 
 
back to top