IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 13.12.2017 || „Марс“ е малцински сопственик на „Кајнд“  |  Аqua Viva со две глобални признанија  |  АХВ: Не се увезени небезбедни производи на „Лакталис“  |  „Хајнекен“ гради фабрика од 85 милиони евра  |  Храната за доенчиња Celia Expert 2 повлечена од пазарот  |  „Гомекс“ отвори маркет во Бајмок  |  Тони Балажич преминува во „Панвита“  |  Во „Амазон“ работат 120.000 роботи  |  Нова фабрика на „Ла линеа верде“ до крајот на годинава  |  Основан е Клуб на извозници  |  „Теско“ претстави вина со понизок процент на алкохол  |  Незначително намалување на цените на храната во ноември  |  „Ист оф Ингланд ко-оп“ ќе продава храна со поминат рок  |  Стопиран увозот на крекери и кекси од Србија и од БИХ  |  Агенцијата „Берин“ одбележа 25 години работење  |  „Конзум“ и хрватските доставувачи со заедничка акција  |  „Бимилк“ прославува 65 години  |  Деловни резултати на „Кофола“  |  „Оркла“ ја купува „Хелт анд спортс нутришн груп“  |  Октомвриски индекси на прометот во секторот трговија  |   ||
   

Македонија: Прва Студија за социо-економското влијание на „Пивара Скопје“

30.11.2017

„Пивара Скопје" годишно создава 44,6 милиони евра бруто додадена вредност за македонската економија, а вкупниот годишен придонес во буџетот на земјата надминува 21 милион евра.

Тоа се дел од индикаторите за учеството на „Пивара Скопје" во развојот на македонската економија, кои како заклучоци беа издвоени во првата Студија за социо-економското влијание на компанијата во 2016 година, што беше презентирана вчера во Стопанската комора на Македонија.

Целта на студијата, изработена според научна методологија од консултантска куќа „Делоит", е на транспарентен, независен и објективен начин да се одреди и да се прикаже влијанието и значењето на пиварницата за домашната економија и за заедницата пред јавноста, соопштуваат од „Пивара Скопје".

Меѓу другите индикатари беа наведени дека околу 6.000 луѓе во земјава целосно или делумно зависат од генерираниот личен доход во синџирот на компанијата, која годишно обезбедува 13,7 милиони евра личен доход за своите вработени, како и за вработените во компаниите со кои соработува, што е еднакво на просечната месечна плата на 25.000 лица во земјава. Вкупниот годишен придонес на компанијата во буџетот на земјата, кој надминува 21 милион евра, претставува 12% од целокупниот данок од добивка во државата за 2016 година. Кон придонесот на пиварницата се додава и придонесот на партнерот – „Кока-кола компани", која само минатата година инвестирала повеќе од 1,4 милиони евра во македонската економија.

Во Студијата се наведува дека секое работно место во компанијата придонесува за дополнителни 3,6 работни места во земјата. „Пивара Скопје" обезбедува работа за 1.000 доставувачи, од кои, годишно набавува стоки и услуги во износ од 33,6 милиони евра. Компанијата соработува со повеќе од 13.000 бизнис-ентитети во земјата, со што остварува позитивно влијание врз развојот на повеќе од 15 витални сектори од домашната економија, меѓу кои: земјоделството, трговијата на големо и на мало, угостителството и туризмот и други, со што, влијае врз заживувањето на целокупната економска активност во земјата.

Формулата за успехот на „Пивара Скопје" не е никаква тајна – тој е резултат на работата и на залагањата на генерации посветени вработени, квалитетот и интегритетот на производите, целокупната поддршка што ја добиваме од двете глобални групации на кои им припаѓаме, „Кока-кола ХБЦ" и „Хајнекен", и секако, на довербата од потрошувачите, на кои веќе 93 години им ги нудиме омилените безалкохолни пијалаци и пива, изјави Јован Радосављевиќ, генерален директор на „Пивара Скопје", кој додаде дека за успехот се заслужни и силните партнерства со соработниците, бизнис-партнерите, коморите и државата.

Посебен сегмент во Студијата е посветен на реализацијата на големиот број општествено одговорни платформи, напорите за едукација и за подигнување на свеста за теми што се важни за просперитетот на заедницата: здравје, безбедност, активен животен стил, умереност и одговорна консумација на алкохол, јакнење на местото на жената во општеството, обезбедување чиста животна средина и заштита на водните ресурси, како и стекнување знаења и вештини кај младите, со кои тие полесно ќе ги надминат бариерите при вработувањето или ќе отворат свој бизнис.


Назад
 

 
 
 
back to top