IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 10.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

САД: Продолжува трендот на затворање продажни објекти

10.01.2018

Бројот на затворени класични дуќани и продавници во САД во 2018 година би можел да ја надмине и состојбата од рекордната 2017 година, според бројот затворени продавници, оценува американската агенција за недвижности „Кашмен енд Вејкфилд".

 

Според податоците од неодамнешната анализа, објавени на електронскиот магазин „Бизнис инсајдер", eкспертите за недвижности очекуваат помалите и поголемите трговски синџири годинава да затворат 12.000 објекти, што е за една третина повеќе во однос на минатата година.

Според податоците за минатата година, десетина трговски синџири во САД биле принудени да стават клуч на околу 9.000 трговски објекти, а педесетина малопродажни компании биле принудени да заминат во стечај.

Како што оценуваат аналитичарите на пазарот, трендот на стечаи ќе продолжи и годинава, а помеѓу трговците што ќе бидат најпогодени би можеле да се најдат и некои од попознатите, како компанијата за каталошка продажба „Сеарс", основана во 19 век.

Дел од трговските синџири веќе најавија затворање на дел од објектите, така што веќе е најавено затворање на повеќе од 3.500 продажни објекти. Меѓу мив е и синџирот дрогерии „Волгринс", кој планира да затвори 600 од своите продавници.

Меѓу компаниите што најавија затворање на објектите е и „Старбакс", која најави дека ќе затвори 400 продавници за чај што работат под брендот Teavana.

Причините за негативниот тренд во малопродажбата не се изненадување. Тргувањето преку интернет веќе неколку години им одзема дел од пазарот на класичните трговци, со промената на навиките на купувачите, кои сè повеќе ги прифаќаат можностите за купување со компјутер или преку мобилните телефони. Од друга страна, за тоа придонесува и непрестаното проширување на понудата на „Амазон" и на другите компании што нудат услуги за купување преку интернет.

Аналитичарите оценуваат дека затворањето на големите трговски објекти би можело да направи со бранот на затворање да бидат зафатени и околу 300 трговски центри.


Назад
 
 
 
 
back to top