IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 25.11.2017 || Budweiser ќе испраќа јачмен во вселената  |  Весел почеток на соработката меѓу „Вела“ и „Орбико“  |  Пораст на е-продажбата на dm  |  „Карфур“ лансира одржлива приватна трговска марка  |  Просечната нето-плата во септември – 23.229 денари  |  Голем пораст за приватните трговски марки на „Теско“  |  Амазон оди „во шопинг“  |  „Попова кула“ со добивка од 4,8 милиони денари  |  Задолжителна квота за жени во управувањето со компаниите  |  „Дониа“ наградена со јубилејно признание  |  „Алибаба“ со нова инвестиција од 2,9 милијарди долари   |  Почнува втората потрага по „Добри брендови“  |  „Хол фудс“ со поголеми снижувања за премиум членовите на „Амазон“  |  „Тиквеш“ го претстави годинашното младо вино  |  Argeta веќе се произведува и во САД  |  Поповолна економска состојба во преработувачката индустрија во октомври   |  Зголемен прометот во индустријата во септември  |  Деловни средби за нови партнерства  |  Унапредување на трговските односи меѓу двете земји  |  „Нестле“ ќе го реорганизира бизнисот со храна за бебиња  |   ||
   

Македонија: Продолжува порастот и позитивните резултати на „Тиквеш“

20.03.2017

Од македонската винарница очекуваат дека трендот на пораст на приходите, кој минатата година изнесувал 9 отсто, ќе продолжи и годинава, со зголемување на продажбата на домашниот и на странските пазари.

Вкупните приходи на „Тиквеш" во 2016 година забележале пораст за 112,8 милиони денари, што е зголемување за 9 отсто во однос на претходната година. Порастот се должи на зголемените приходи од продажбата на вино на домашниот пазар за 12 отсто, како и од порастот на приходите од извоз за 6 отсто. Зголемените приходи генерирале и пораст на бруто-добивката од 27 отсто, а пониските оперативни расходи за 6 отсто, на „Тиквеш" ѝ овозможиле да забележи зголемување на оперативната добивка за 32 отсто во однос на претходната година.

Задоволни сме од остварените резултати – тие покажуваат дека нашата стратегија за долгорочен развој се остварува така како што е зацртанo, коментира Игор Илиевски, генерален директор на винарницата, и додава дека фокусот на „Тиквеш" останува на имплементацијата на најновите глобални трендови во винската индустрија, развојот на нови вински брендови и на промоција на висококвалитетното македонско вино во светот.

„Тиквеш" очекува позитивните финансиски резултати да продолжат годинава, како и реализација на планираното зголемување на приходите од продажба за 10 отсто во однос на 2016 година, при што, учеството на приходите од продажбата на домашниот пазар се очекува да биде 48 отсто, а на извозните – 52 отсто.


Назад
 

 
 
 
back to top