IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 22.07.2018 || „Луксол“ повторно работи  |  Трговски vs А-брендови  |  „Волмарт“ се повлекува од јапонскиот пазар  |   Нови бензиски пумпи на КТЦ  |  Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |   ||
   

Македонија: Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни

11.07.2018

Трошоците на живот во јуни се непроменети во споредба со претходниот месец, а во однос на јуни лани бележат пораст од 1,4%, додека цените на мало се повисоки за 0,2% на месечно ниво и за 2,8% на годишно.

Според објавените податоците од Државниот завод за статистика, кај трошоците за животот во јуни годинава во споредба со претходниот месец е забележан пораст кај свежото и разладеното овошје (4,8%), јаткастите производи, смрзнатото и сувото овошје (0,4%), јогуртот, смрзнатиот зеленчук, освен компирот, и другите коренести плодови (0,3%), сирењето и урдата, конзервираното овошје, шеќерот, џемот, медот, кондиторските производи и другите прехранбени производи (0,2%).

Намалување на индексите на трошоците на животот во јуни 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот, и другите коренести плодови (6,7%), компирот (2,2%), рибата, морските плодови, маслото и маснотиите (0,5%).


Назад
 

 
 
 
back to top