IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 27.04.2017 || Две недели до трговскиот настан на годината  |  „Лента“ ги објави резултатите од првиот квартал  |  Подобар дизајн на пакувањето за поголема конкурентност  |  Врвни говорници на FMCG Summit Скопје 2017  |  Производите на „Подравка“ на катарските полици  |  „КМВ“ ја купи партнерската компанија на „Пепсико“ во Бугарија  |  „Меркатор“ заинтересиран за големите центри на „Конзум“ во БИХ  |  Пораст на продажбата на „Теско“  |  „Монделез“ инвестира во четири производствени линии  |  Х5 потпишува договор со Центросојузот  |  Потврдени сертификатите за добра производна практика на „Алкалоид“  |  Уништено неисправно пилешко месо од Бразил  |  „Империал тобако ТКС“ одбележува 15-годишен јубилеј  |  „Пепсико“ ќе поддржи осум неконвенционални брендови  |  „Лидл“ - Хрватска ќе издава извештаи за прехранбените производи  |  Виното на „Рубин“ најдобро на српскиот пазар  |  Еминентни говорници на FMCG Summit Скопје 2017  |  Зголемен прометот во индустријата во февруари   |  „Волмарт“ укинува корпоративни работни места  |  Словенечката влада го усвои „Лекс Меркатор“  |   ||
   

Македонија: „Повардарие“ е избришана од Регистарот на производители на вино

15.03.2017

Неготинската винарска визба „Повардарие" е избришана од Регистарот на производители на вино поради неисплата на грозјето од ланската реколта, пренесуваат неколку медиуми, кои се повикуваат на соопштение на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Според законските одредби, откупувачот на грозје може да го плати износот на три рати. Првата во висина од најмалку 20 отсто треба да се исплати најдоцна до 15 декември во годината кога е извршен откупот, втората рата од најмалку 40 проценти најдоцна до 15 февруари и третата, најдоцна до 30 април следната година по извршениот откуп.

Министерството утврдило дека до 15 февруари годинава, „Повардарие" ја нема подмирено целосно втората рата за исплата на грозјето од реколтата во 2016 година. Доколку се исплатат обврските и доколку производителот на вино побара повторно да биде впишан во Регистарот на производители, ќе треба да плати казна од 15 отсто од неисплатениот долг и казнена камата кон лозарите за неисплатената рата.


Назад
 


 
 
 
back to top