IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 23.06.2017 || Нова аквизиција на „Лаваца“  |  „Диаџио“ доби одобрение за нова дестилерија  |  Bacardi е најпродаван рум во светот  |  „Мари Бризар“ оживува ликер од „Титаник“  |  „Данон“ го зголеми профитот за 20 отсто  |  „Амазон“ го купува „Хол фудс“ за 13,7 милијарди долари  |  Очекувајте го јунскиот број на InStore   |  „Дневни соби“ од Chipsy за студентите  |  Повеќе од 85 брендови пиво во Maxi  |  „Макпрогрес“ со пораст на извозот  |  Млеко, сирење и путер – само од животинско потекло  |  Нова инвестиција на „Империал тобако“  |  Лошата жетва може да влијае на поскапување на брашното и на лебот  |  Понеповолни очекувања во преработувачката индустрија  |  Прв отворен ден на GS1 Македонија  |  „Ероски“ ги намали загубите  |  „Алди“ затвора 32 продавници  |  „Теско“ тестира роботизирана достава  |  СКМ пристапи кон „Патот на свилата“  |  „Млекара Шабац“ гради фабрика во Русија  |   ||
   

Македонија: Потврдени сертификатите за добра производна практика на „Алкалоид“

20.04.2017

Фармацевтската компанија „Алкалоид" доби потврда на сертификатите за добра производна практика (GMP) од Агенцијата за лекови и медицински средства од Словенија (JAZMP).

По извршената инспекција во погоните за производство на лекови, JAZMP ги обнови сертификатите за сообразност со начелата на добрата производна практика (GMP), со важност од 3 години, дефинирани во Директивата 2003/94/ЕС и член 111(4) од Директивата 2001/83/ЕС, за цврсти фармацевтски форми, таблети и капсули, течни фармацевтски форми, за интерна и за екстерна употреба, како и на погонот за цефалоспорини, стои во соопштението на „Алкалоид".

Оваа инспекција и проверка на фармацевтскиот систем за квалитет, била извршена по првпат на сите погони во исто време од JAZMP, во улога на надзорен орган.

Тоа е уште една потврда за највисоките европски стандарди што „Алкалоид" ги применува во секојдневното работење, кои се основа за стекнување и за одржување на авторизациите за пласман на производите во ЕУ. Со тоа, компанијата се потврдува како високопрофесионален производител на фармацевтски производи со примена на најсовремени производствени технологии и деловни стандарди, со единствена цел – квалитетни, ефикасни и безбедни лекови, велат од „Алкалоид".


Назад
 

 
 
 
back to top