IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 18.06.2018 || Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |  МОЛ го купи производителот на минерална вода „Фонте вива“  |  „Номад фудс“ ја презема „Ент Бесис“  |  Вегански производи во сите супермаркети „Веитрос“  |  Нарачки од „Мигрос“ на само едно копче  |  „Алди зид“ ја отвори илјадитата конџепт-продавница  |   Продолжување на проектот „Кауфланд“ - училиште за овошје и зеленчук  |  „Алди“ и „Лидл“ најатрактивни за Португалците  |   ||
   

Свет: Пораст на продажбата на „Метро кеш & кери“

15.12.2017

Новата компанија на „Метро", специјализирана за големопродажба на прехранбени производи, успешно ја заокружи финансиската 2016/2017 година.

По раздвојувањето на групацијата „Метро", новата „Метро" остварила одржлив пораст и стабилен развој на ЕБИТ во изминатата финансиска година. Големопродажбата „Метро кеш & кери", која е присутна во 25 земји низ целиот свет, како и доставата, забележале пораст на продажбата од 3%, а по локалната валута, продажбата се зголемила за 2,3%.

Во фискалната 2016/2017 година, „Метро кеш & кери" отвори 13 нови продавници и сега работи преку 759 големопродажни центри во 25 земји, со околу 108.000 вработени. Во текот на изминатата фискална година, трговецот дополнително го засилил фокусот на потребите и на унапредувањето на работата со професионалните купувачи. Со зголемувањето на продажбата „вредност за вредност" (like-for-like) за 0,9% во 2016/2017 година, компанијата успеала да го одржи кварталниот пораст четири години по ред. Бизнис-сегментите „Хорека", „Трејдер" и „Мултиспециалист", исто така оствариле пораст на продажбата во тој период.

Сегментот за достава се развивал особено добро, со пораст на продажбата за повеќе од 25% во однос на претходната година. Годинешната продажба достигнала до 4,6 милијарди евра, што претставува 15,6% од вкупната продажба.

Холдинг компанијата „Метро АГ" остварила пораст на продажбата за 1,6% на 37,1 милијарди евра за 2016/2017 година, додека во претходната фискална година, продажбата изнесувала 36,5 милијарди евра.


Назад
 

 
 
 
back to top