IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 13.12.2017 || „Марс“ е малцински сопственик на „Кајнд“  |  Аqua Viva со две глобални признанија  |  АХВ: Не се увезени небезбедни производи на „Лакталис“  |  „Хајнекен“ гради фабрика од 85 милиони евра  |  Храната за доенчиња Celia Expert 2 повлечена од пазарот  |  „Гомекс“ отвори маркет во Бајмок  |  Тони Балажич преминува во „Панвита“  |  Во „Амазон“ работат 120.000 роботи  |  Нова фабрика на „Ла линеа верде“ до крајот на годинава  |  Основан е Клуб на извозници  |  „Теско“ претстави вина со понизок процент на алкохол  |  Незначително намалување на цените на храната во ноември  |  „Ист оф Ингланд ко-оп“ ќе продава храна со поминат рок  |  Стопиран увозот на крекери и кекси од Србија и од БИХ  |  Агенцијата „Берин“ одбележа 25 години работење  |  „Конзум“ и хрватските доставувачи со заедничка акција  |  „Бимилк“ прославува 65 години  |  Деловни резултати на „Кофола“  |  „Оркла“ ја купува „Хелт анд спортс нутришн груп“  |  Октомвриски индекси на прометот во секторот трговија  |   ||
   

Македонија: Пораст на индустриското производство за 1,3%

30.11.2017

Индустриското производство во октомври 2017 година забележало пораст од 1,3% во однос на истиот месец минатата година, соопшти Државниот завод за статистика.

 

Според статистичките податоци, од јануари до октомври годинава, во споредба со истиот период лани, има зголемување од 0,1%.

Индустриското производство бележи опаѓање во секторот рударство и вадење на камен за 10,6%, а пораст бил забележан на секторот преработувачка индустрија (2,1%), како и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6,5%).

Производството во октомври годинава во однос на истиот месец 2016 година, бележи пораст кај енергијата (4%) и капитални производи (15,4%), додека опаѓање било забележано кај интермедијарни производи, освен енергија (2,8%), трајни производи за широка потрошувачка (9,4%) и нетрајни производи (3,1%).


Назад
 

 
 
 
back to top