IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 23.11.2017 || Просечната нето-плата во септември – 23.229 денари  |  Голем пораст за приватните трговски марки на „Теско“  |  Амазон оди „во шопинг“  |  „Попова кула“ со добивка од 4,8 милиони денари  |  Задолжителна квота за жени во управувањето со компаниите  |  „Дониа“ наградена со јубилејно признание  |  „Алибаба“ со нова инвестиција од 2,9 милијарди долари   |  Почнува втората потрага по „Добри брендови“  |  „Хол фудс“ со поголеми снижувања за премиум членовите на „Амазон“  |  „Тиквеш“ го претстави годинашното младо вино  |  Argeta веќе се произведува и во САД  |  Поповолна економска состојба во преработувачката индустрија во октомври   |  Зголемен прометот во индустријата во септември  |  Деловни средби за нови партнерства  |  Унапредување на трговските односи меѓу двете земји  |  „Нестле“ ќе го реорганизира бизнисот со храна за бебиња  |  „Нимрод“ е втор снабдувач со дивеч во Европа  |  Крањските колбаси собраа 1.200 посетители  |  „Кооп“ воведува свинско без антибиотици  |  Месото најскапо во Швајцарија  |   ||
   

Македонија: Понеповолни очекувања во преработувачката индустрија

15.06.2017

Според оценките на раководителите на компанииите, очекувањата за следните три месеци во преработувачката индустрија се понеповолни во однос на претходниот месец, а понеповолна е и состојбата на обезбедноста на производството со нарачки во мај 2017 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, а врз основа на оценките на раководителите, залихите на готовите производи биле намалени во однос на претходниот месец. Оценката за економската состојба на деловните субјекти во мај годинава е понеповолна во однос на претходниот месец, но е поповолна во однос на мај 2016 година. Се очекува бројот на вработени да остане речиси ист. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај година изнесувало 64 проценти од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имале недоволната странска побарувачка со 22,2 отсто, недоволната домашна побарувачка со 19 отсто, недостигот на квалификувана работна сила со 18,1 отсто и неизвесното економско опкружување со 11,2 отсто.


Назад
 

 
 
 
back to top