IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 26.09.2018 || „Старбакс“ укинува работни места   |  Род од 60.000 тони мандарини   |  Јужна Кореја забрани кафе во училиштата   |  Tри нови медали за вината на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“  |  Холандскиот синџир „Шпар“ влегува на пазарот   |  "Food show“ на 5-ти и 6-ти ноември во Белград   |  Голема побарувачка на производите без глутен   |  Голема забава со Петко, „Поточиња“ и вкусна храна пред Веро Тафталиџе  |  Данците бараат органска храна   |  „Едека“ воведува ласерски етикети   |  „Веро“ трајно ги намали цените на 650 производи   |  Се продава „Навип винарство“   |  Кроасаните 4U добија интернационален сертификат   |  „Метро“ најави продажба на хипермаркетите „Реал“  |  Македонија со национален штанд на најголемиот прехранбен самит во ЈИЕ   |  „Фонтера“ првпат работи со загуби   |  Сарај доби „Coca-Cola Aктивна зона“   |  Кочанскиот ориз не е со ГМО   |  „Витаминка“ изложува на саемот Worldfood Москва 2018   |  „Бовин“ прослави две децении постоење   |   ||
   

Македонија: Поддршка на „Тиквеш“ за центрите за згрижување деца

14.12.2017
Големиот број љубители и почитувачи на виното кои присуствуваа на годинешниот, осми по ред, Фестивал на младо вино, одново ја покажаа својата хуманост, земајќи учество во донаторската акција што ја организираше Винарската визба „Тиквеш". 

„Тиквеш" ги мотивираше сите посетители на фестивалот да донираат средства, со тоа што винарницата за секој донатор обезбеди подарок младо вино. На ваков начин, во двата дена на годинешниот Фестивал на младо вино во „Тиквеш", вкупно беа собрани повеќе од 240.000 денари.  

Овие средства се наменети за поддршка на функционирањето на домот за деца без родители и родителска грижа и воспитно запуштени деца во Кавадарци, како и за Центарот „ЦЕДУЗ" од Скопје кој обезбедува поддршка, едукација и стимулација на психомоторниот развој на деца со посебни потреби и нарушувања, како што се аутизам, проблеми со говорот, потешкотии во моторниот развој и друго.

Винарската визба „Тиквеш" е општествено одговорна компанија која преку бројни проекти и донации перманентно вложува во заедницата на која ѝ припаѓа. Компанијата во континуитет обезбедува поддршка на значајни културно - уметнички манифестации, настани од едукативен карактер, како и хуманитарни активности.



Назад
 
 
 
 
back to top