IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 27.04.2017 || Две недели до трговскиот настан на годината  |  „Лента“ ги објави резултатите од првиот квартал  |  Подобар дизајн на пакувањето за поголема конкурентност  |  Врвни говорници на FMCG Summit Скопје 2017  |  Производите на „Подравка“ на катарските полици  |  „КМВ“ ја купи партнерската компанија на „Пепсико“ во Бугарија  |  „Меркатор“ заинтересиран за големите центри на „Конзум“ во БИХ  |  Пораст на продажбата на „Теско“  |  „Монделез“ инвестира во четири производствени линии  |  Х5 потпишува договор со Центросојузот  |  Потврдени сертификатите за добра производна практика на „Алкалоид“  |  Уништено неисправно пилешко месо од Бразил  |  „Империал тобако ТКС“ одбележува 15-годишен јубилеј  |  „Пепсико“ ќе поддржи осум неконвенционални брендови  |  „Лидл“ - Хрватска ќе издава извештаи за прехранбените производи  |  Виното на „Рубин“ најдобро на српскиот пазар  |  Еминентни говорници на FMCG Summit Скопје 2017  |  Зголемен прометот во индустријата во февруари   |  „Волмарт“ укинува корпоративни работни места  |  Словенечката влада го усвои „Лекс Меркатор“  |   ||
   

Македонија: „Пивара Скопје“ прва и единствена во регионот ја доби лиценцата за Laško

17.03.2017

„Пивара Скопје" во своето портфолио го вклучи најстарото словенечко пиво Laško, откако стана прва и единствена лиценцирана компанија за производство на пивото надвор од Словенија. 

Пивото со најдолга традиција и препознатливост на Балканот, Laško Zlatorog, станува дел од широката палета на пивски брендови на „Пивара Скопје".

Laško е легендарно пиво со повеќе од 190 годишна историја кое потекнува од Словенија. Стартот на полнењето на Laško во „Пивара Скопје" се случува по повеќемесечни подготовки и тестирања за да се обезбедат сите гаранции за квалитет и да се зачува автентичноста на пивото.

Горд сум што како Пивара Скопје сме единствените лиценцирани во групацијата „Хајнекен" за производство и полнење на Laško надвор од Словенија. Тоа е уште една значајна потврда за стручноста и големото знаење на нашите пивски мајстори, за високите технолошки стандарди и квалитетот на нашите производи, изјави генералниот директор на „Пивара Скопје", Јован Радосављевиќ, притоа нагласувајќи: Со сите досегашни вложувања во производството на пиво, на кои се додавааат и овие најновите во производството на Laško, „Пивара Скопје" ја потврдува својата долгорочна стратегија за натамошен развој на домашната пивска култура, на индустријата, како и на македонската економија во целина.

Laško е најсилен регионален пивски бренд. Квалитетните и природни состојки од кое се произведува му даваат на пивото специфичен вкус, добра избалансирана горчина и лесна пивливост. Тоа се дел од уникатните карактеристики по кои ова пиво е добро познато и на македонскиот пазар и според кои е прифатено особено од консументите со истенчен вкус кои преферираат пива со долга традиција и докажан квалитет.

Благодарение на развиената дистрибутивна мрежа на „Пивара Скопје", Лашко ќе биде лесно достапно до сите консументи и тоа во стаклена амбалажа од 0,33л и 0,5л, во лименка од 0,5л. и во пластична амбалажа од 1,5л.

 

 


Назад
 


 
 
 
back to top