IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 24.02.2018 || „Маџид ал Футам“ отвора уште 100 објекти „Карфур“  |  „Диа“ оствари бруто-продажба во износ од 10 милијарди евра  |  Рамљак поднесе неотповиклива оставка  |  Пораст на „Шпар“ од 6,5% по проширувањето  |  За 40-от роденден, Стоби Флипс во вселената  |  Успешно спроведена докапитализација на „Бадел 1862“  |  „Нектар“ закупи најголемо земјиште во Владичин Хан  |  „Фереро“ ќе лансира сладолед Kinder, кој ќе го произведува „Унилевер“  |  dm најави партнерство со „Деметер“  |  „Универекспорт“ ја демантираше поврзаноста со лажната наградна игра  |  „Рекит Бенкисер“ најавува финансиско заздравување  |  Наскоро лабораторија за контрола на квалитетот на карловачките вина  |  „Алди норд“ и „Алди зид“ ќе соработуваат во натпреварот со „Лидл“  |  Турци заинтересирани за изградба на најголемата кланица  |  „Амазон“ отвора неколку дистрибутивни центри  |  Американците се „жедни“ за Corona  |   „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |   ||
   

Свет: „Пепсико“ ќе поддржи осум неконвенционални брендови

20.04.2017

„Пепсико" нуди 300.000 евра за поддршка на осум неконвенционални брендови на претприемачи, кои се занимаваат со производство на храна и на пијалаци.

Новата програма „Nutrition Greenhouse" ќе понуди по 25.000 евра за осум успешни кандидати, кои покрај тоа што ќе добијат финансиски средства, половина година ќе бидат дел од претприемничкиот инкубатор. Една победничка компанија, ќе добие награда од 100.000 евра за да го продолжи проширувањето на крајот од програмата. Одбраните компании ќе добијат и можност за партнерство со експертите од „Пепсико" за брендовите Quaker, Tropicana, Naked и Alvalle.

Како што велат од „Пепсико", станува збор за програма што е осмислена за да им помогне на малите претпријатија да ги решат проблемите, како што се на пример, изработка на бизнис-план, корпоративно структурирање и собирање средства. Програмата е отворена за компании, чиишто брендови имаат годишна продажба од 2 милиона евра. Пријавите треба да бидат доставени до 15 мај годинава.


Назад
 

 
 
 
back to top