IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 25.11.2017 || Budweiser ќе испраќа јачмен во вселената  |  Весел почеток на соработката меѓу „Вела“ и „Орбико“  |  Пораст на е-продажбата на dm  |  „Карфур“ лансира одржлива приватна трговска марка  |  Просечната нето-плата во септември – 23.229 денари  |  Голем пораст за приватните трговски марки на „Теско“  |  Амазон оди „во шопинг“  |  „Попова кула“ со добивка од 4,8 милиони денари  |  Задолжителна квота за жени во управувањето со компаниите  |  „Дониа“ наградена со јубилејно признание  |  „Алибаба“ со нова инвестиција од 2,9 милијарди долари   |  Почнува втората потрага по „Добри брендови“  |  „Хол фудс“ со поголеми снижувања за премиум членовите на „Амазон“  |  „Тиквеш“ го претстави годинашното младо вино  |  Argeta веќе се произведува и во САД  |  Поповолна економска состојба во преработувачката индустрија во октомври   |  Зголемен прометот во индустријата во септември  |  Деловни средби за нови партнерства  |  Унапредување на трговските односи меѓу двете земји  |  „Нестле“ ќе го реорганизира бизнисот со храна за бебиња  |   ||
   

Велика Британија: Pepsi Max додава варијанта со ѓумбир

17.03.2017

Ѓумбирот е новиот вкус во портфолиото на Max, кој „Пепси" го лансираше на британскиот пазар, пренесува „Гросер".

Пијалакот, кој е со природен вкус на ѓумбир и не содржи шеќер, ќе се појави на полиците во шест различни пакувања: лименки од 330, 500 и од 600 милилитри, мултипакување од лименки од 330 милилитри, како и во ПЕТ-шишиња од 1,5 и од 2 литри.

Лансирањето на новиот бренд ќе биде поддржано со маркетинг-кампања на телевизија, билборди, преку дигиталните медиуми, промоции, како и делење промотивни производи низ целата земја. Целата кампања ќе чини околу 1 милион британски фунти.

Предизвикот за лансирањето на Max Ginger беше огромен, вели Кевин Мекнер, маркетинг-директор на „Бритвик", дистрибутерот на пијалаците Pepsi во Велика Британија. Повеќе од 16 милиони луѓе купуваат кола пијалаци, а 16 отсто од нив, сакаат пијалаци со вкус на ѓумбир.


Назад
 

 
 
 
back to top