IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 24.04.2018 || Повторна продажба на имотот на компанијата „Малина“  |  „Хајнекен“ оствари солиден количински пораст  |  „Агрокор“ продолжува непречено да работи од 15 јули?  |  „П & Г“ презеде дел од портфолиото на „Мерк“ за 3,4 милијарди евра  |  „Гринјард“ бара снабдувачи во Македонија  |  „Сите сити“ - нов систем за донирање вишок храна  |  Медицинска опрема од „Жито лукс“ за четири болници  |  Во „Веро“ - Тафталиџе бесплатен паркинг 30 минути  |  „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |  „Сан Пелегрино“ со приход од 895 милиони евра  |  „Карфур“ ги отвори првите пунктови испорака за пешаци  |  „Персу“ ги повика локалните производители да соработуваат  |  „Кимберли Кларк“ ќе го проширува капацитетот во Алабама  |  „Витамин“ на саемот во Мостар  |  Владимир Косијер нов генерален директор на „Пивара Скопје“  |  „Амазон“ е во преговори со авио-превозникот „Азул“  |   ||
   

Македонија: „Пекабеско“ инвестира над 1,4 милиони евра во нова опрема

17.03.2017

Најголемиот македонски производител на сувомесни производи и лидер во логистичко-дистрибутивната дејност, „Пекабеско", набави нова опрема од познати светски производители во 4 производствени линии.

Станува збор за нова опрема во линијата за конзерви, линијата за слајсувани производи, линијата за полнење на комадно месо во црево, како и линијата за пакување на комадно месо. Вкупната инвестиција е во висина од над 1,4 милиони евра и очекуваме да придонесе за зголемување на производствениот и извозниот капацитет на „Пекабеско", како и за зголемување на бројот на вработени во нашата компанија, изјави Слободан Кутревски, прв извршен директор на „Пекабеско".

Според Кутревски, очекувањата се двојно зголемување на капацитетот на линијата за конзерви, како и зголемување на капацитетот за производство на паштети и нарезоци за 50 проценти. Значителни зголемувања се очекуваат и на капацитетите за производство на линиите за слајсувани производи, вакуум и полнење на комадно месо во црево. 

Исто така, со оваа инвестиција ќе се зголеми бројот на вработени во производствениот процес на компанијата за најмалку 50 лица, а зголемената ефикасност и продуктивност ќе придонесе за поголем извоз, односно за подобра ценовна конкурентност на пазарите каде се пласираат производите на „Пекабеско".

Воведувањето на сите овие нови линии дополнително ќе придонесе за приближување на производите до навиките на потрошувачите (т.н. „ready to use"), нова амбалажа што овозможува уште подобар квалитет во делот на емулгацијата и максимално хигиенско-безбедносно ниво при консумацијата, како и подобрување на квалитетот на производите во синџирот на складирање и дистрибуција.

Компанијата „Пекабеско", која има речиси 40-годишна традиција и брои повеќе од 450 вработени, во 2012 година го отвори новиот производствено-логистички центар во Кадино, општина Илинден, инвестиција вредна 13 милиони евра. Заклучно со најновата инвестиција, во изминативе 4 години, „Пекабеско" има инвестирано околу 18 милиони евра.


Назад
 

 
 
 
back to top