IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 24.02.2018 || „Маџид ал Футам“ отвора уште 100 објекти „Карфур“  |  „Диа“ оствари бруто-продажба во износ од 10 милијарди евра  |  Рамљак поднесе неотповиклива оставка  |  Пораст на „Шпар“ од 6,5% по проширувањето  |  За 40-от роденден, Стоби Флипс во вселената  |  Успешно спроведена докапитализација на „Бадел 1862“  |  „Нектар“ закупи најголемо земјиште во Владичин Хан  |  „Фереро“ ќе лансира сладолед Kinder, кој ќе го произведува „Унилевер“  |  dm најави партнерство со „Деметер“  |  „Универекспорт“ ја демантираше поврзаноста со лажната наградна игра  |  „Рекит Бенкисер“ најавува финансиско заздравување  |  Наскоро лабораторија за контрола на квалитетот на карловачките вина  |  „Алди норд“ и „Алди зид“ ќе соработуваат во натпреварот со „Лидл“  |  Турци заинтересирани за изградба на најголемата кланица  |  „Амазон“ отвора неколку дистрибутивни центри  |  Американците се „жедни“ за Corona  |   „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |   ||
   

Македонија / Бугарија: Отворени првите два Кам маркети во Бугарија

29.11.2017

Македонскиот трговски синџир „Кам" отвори два маркета во Софија, со што го направи првиот чекор за влегување на пазарот во Бугарија, кое првпат беше најавено во 2016 година.

Како што јавува бугарскиот портал „Регал", во саботата (25 ноември) во Софија биле отворени хард-дисконт маркети во населбите Младост 4 и Лјулин 7, на површина од 350 и од 200 квадратни метри.

Во маркетите е застапен асортиман од 1.000 прехранбени и непрехранбени производи и во двата објекта работат по седуммина вработени, вели Асен Стојчев, оперативен директор на „Кам" - Бугарија.

Како што пренесува софиски „Капитал", објектите на „Кам" во Бугарија во целост ќе ја следат деловната политика на компанијата-мајка, заснована на добро структуриран асортиман, во кој ќе бидат вклучени сопствените трговски марки, артикли од Македонија и од Србија, но и повеќе од 50% производи од бугарски проиводители, со највисок можен квалитет, по најниски можни цени.

Отворањето маркети во Бугарија првпат беше најавено во 2016 година, кога беа соопштени плановите за оворање 20 до 25 марети во Софија, чиј број до 2017 требаше да достигне 70, со амбиција во 2018 година бројката да достигне вкупно 60 маркети во земјата.

Според одговорите од компанијата на заинтересираните купувачи на страницата на „Кам" - Бугарија на Фејсбук, плановите за отоврање нови објекти во Бугарија, во претстојните две години ќе бидат насочени само кон Софија.

Според имотниот регистар на Бугарија, како што пренесува софиски „Капитал" компанијата веќе има закупено трговски деловен простор на 11 локации во Софија.

Компанијата „Кам" е основана во 1999 година во Скопје. Кам е првиот синџир маркети од типот хард-дисконти на македонскиот пазар, со 65 маркети во 18 градови и 600 вработени.


Назад
 

 
 
 
back to top