IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 18.08.2018 || Законот за петокраката може да го забрани Heineken  |  „Констелејшн брендс“ вложува 5 милијарди долари во марихуана  |  Скопско ги враќа маалските дружби во Карпош  |  Нов начин на пакување на бананите  |  Наскоро ќе се знае судбината на „Равница“  |  Во Србија храната се купува на одложено  |  „Унилевер“ има нов логистички партнер  |  Реновиран „Рамстор“ во Ново Лисиче  |  „Шпар“ ќе отвори уште 80 објекти  |  Успешно прво полугодие за „Баерсдорф“  |  Осмислена првата паметна кошница за мед  |  ЕУ одобри извоз на млеко од БиХ  |  Спорните соини шницли на „Виталиа“ содржат ГМО  |  За домашната ракија ќе се плаќа акциза  |  „Лидл“ го намалува прехранбениот отпад  |  Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски  |  ГМО во сојата на „Виталиа“ и во кочански ориз  |  Нови награди за македонските вина  |  „Нели“ ќе произведува бонбониера Azbuka  |  АВТ нов дистрибутер на „Вернер & Мерц“  |   ||
   

Србија: Отворена фабрика за полнење на водата Duboka

05.06.2018
Една година по купувањето на водата Duboka, компанијата „Анѓелковиќ Ал" свечено ја отвори новата фабрика за пакување на оваа вода.
Според зборовите на сопственикот Зоран Анѓелковиќ, во текот на изминатата година преземени се сите неопходни мерки за подигнување на нивото на ефикасност и ефективност на фабриката за производство на водата Duboka, како и подготовка за квалитетно и безбедно работење. Во опремата и најновата технологија, компанијата инвестирала околу 1 милион евра.

Во фабриката се комплетирани три линии за пакување на вода, каде се применува современа технологија на пакување. Капацитетот за полнење на вода е од 8.000 до 15.000 шишиња за еден час во зависност од големината на шишето. 

Во фабриката се вработени 10 луѓе, а се очекува во текот на наредната година бројот на вработени двојно да се зголеми. 

Природната минерална вода Duboka извира од Хомољските планини во Нересница, во еколошко опкружување на длабочина од 282 метри, каде изворите се стари повеќе од 20.000 години. Благодарение на нејзиниот врвен природен квалитет во поглед на физичко-хемискиот и микробиолошкиот состав, водата не се преработува, туку само се спроведуваат превентивни UV стерилизација и микрофилтрација.

Duboka ќе се пласира на српскиот и на странските пазари.



Назад
 
 
 
 
back to top