IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 17.12.2017 || „Атлантик група“ ја презема дистрибуцијата на Red Bull   |  Основано здружение на доставувачи на „Агрокор“  |  Пораст на продажбата на „Метро кеш & кери“  |  „Хенкел“ - Србија прослави 15 години работење  |  Поддршка на „Тиквеш“ за центрите за згрижување деца  |  „Витаминка“ ги најави плановите за идната година  |  Вегетаријанците „одат“ на смрзнато  |  „Хајнекен“ вложува во фабриката во Хаен  |  „Марс“ е малцински сопственик на „Кајнд“  |  Втора продавница „Робин фуд“  |  Аqua Viva со две глобални признанија  |  АХВ: Не се увезени небезбедни производи на „Лакталис“  |  „Хајнекен“ гради фабрика од 85 милиони евра  |  Храната за доенчиња Celia Expert 2 повлечена од пазарот  |  „Гомекс“ отвори маркет во Бајмок  |  Тони Балажич преминува во „Панвита“  |  Во „Амазон“ работат 120.000 роботи  |  Нова фабрика на „Ла линеа верде“ до крајот на годинава  |  Основан е Клуб на извозници  |  „Теско“ претстави вина со понизок процент на алкохол  |   ||
   

Македонија: Отворен е четвртиот „Рамстор експрес“

28.07.2017

Вчера во Куманово, „Рамстор" – Македонија го отвори четвртиот маркет од форматот „Рамстор експрес".

Маркетот, лоциран на улицата Христијан Тодоровски Карпош бр. 97, се простира на продажна површина од 260 квадратни метри и располага со магацински простор од 240 квадратни метри.

 

Асортиманот го сочинуваат 3.500 производи од различни брендови, кои ги задоволуваат основните потреби на купувачите, а покрај свежото овошје и зеленчук, се продава и пакувано месо. За услугата се грижи тим од 12 вработени, а во маркетот функционираат две наплатни каси.

Покрај тоа што на купувачите им овозможува да заштедат време, „Рамстор експрес" нуди и бројни кампањи и попусти. Форматот ќе продолжи да се развива и низ другите градови во земјава, велат од компанијата.

Првиот „Рамстор експрес" во Македонија беше отворен во декември 2014 година во центарот на Скопје, вториот во јуни 2015 година во Струга и третиот во скопско Дебар Маало, два месеци подоцна.


Назад
 

 
 
 
back to top