IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 23.11.2017 || Просечната нето-плата во септември – 23.229 денари  |  Голем пораст за приватните трговски марки на „Теско“  |  Амазон оди „во шопинг“  |  „Попова кула“ со добивка од 4,8 милиони денари  |  Задолжителна квота за жени во управувањето со компаниите  |  „Дониа“ наградена со јубилејно признание  |  „Алибаба“ со нова инвестиција од 2,9 милијарди долари   |  Почнува втората потрага по „Добри брендови“  |  „Хол фудс“ со поголеми снижувања за премиум членовите на „Амазон“  |  „Тиквеш“ го претстави годинашното младо вино  |  Argeta веќе се произведува и во САД  |  Поповолна економска состојба во преработувачката индустрија во октомври   |  Зголемен прометот во индустријата во септември  |  Деловни средби за нови партнерства  |  Унапредување на трговските односи меѓу двете земји  |  „Нестле“ ќе го реорганизира бизнисот со храна за бебиња  |  „Нимрод“ е втор снабдувач со дивеч во Европа  |  Крањските колбаси собраа 1.200 посетители  |  „Кооп“ воведува свинско без антибиотици  |  Месото најскапо во Швајцарија  |   ||
   

Македонија: Отворен е „Гранап“ во Аеродром

11.09.2017

Новиот маркет „Гранап", лоциран на улицата Вангел Тодоровски бр. 5, спроти поликлиника „Јане Сандански" во скопската населба Аеродром, беше отворен последната сабота од август.

Седмиот по ред „Гранап" зафаќа вкупна површина од 200 квадратни метри. Во асортиманот на новиот објект, кој го сочинуваат повеќе од 6.000 различни производи, застапени се сите категории производи како и во преходните маркети на трговецот. Бројот на вработени гранапчии е 12, а потрошувачите може да се услужуваат на две наплатни каси.

Комерцијалниот менаџер Дијана Цанeвска, вели дека ретро-моментот  во „Гранап" ги погодува чувствата на луѓето поврзани со минатото и со годините на детството: Тоа е времето кога не постоеја драгстори и молови, туку гранапи – симпатични мали продавничиња, во кои се наоѓаа основните производи за дома: брашно, шеќер, сол, јуфки, маргарин и прашок за перење, вели таа и додава: Идејата на „Гранап" е враќање на малата продавица во секојдневието на нашите луѓе и местото, каде што ќе се потроши помалку време за купување, а ќе се заврши работа. Го отворивме седмиот „Гранап", сакајќи да ја доближиме неговата приказна и до жителите на овој дел од градот, кои ги очекуваме на маалска дружба.

Отворањето на маркетот беше посветено на најмалите – присутните дечиња се забавуваа заедно со Златно славејче, се запознаваа со чудесните животни на Војо, боеја во боенките „Гранап" и уживаа во многу други забавни активности.


Назад
 

 
 
 
back to top