IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 17.01.2018 || „Гомекс“ планира отворање на 30 продавници  |  „Бел фуд груп“ го презема „Хугли“  |  „Фереро“ го купува американскиот кондиторски сегмент на „Нестле“  |  „Маркс & Спенсер“ го продаде бизнисот во Хонг Конг  |  „Лакталис“ повлекува 12 милиони пакувања млеко за бебиња  |  „Атлантик група“ ја презема дистрибуцијата на „Марс“  |  Пазарџиите ќе работат со лиценци  |  „Агрокор“ ја демантира продажбата на маркетите „Конзум“  |  „Нестле“ го продава кондиторскиот сегмент  |  „Кауфланд“ ќе отвори 15 супермаркети во Молдавија  |  „Волмарт“ ја зголемува платата на работниците  |  „Скопски пазар“ излегува од бизнисот со маркети  |  Тина Пухало Грладиновиќ нов директор на „К пивовари“  |  Нови инвестиции и зголемена добивка на „Витаминка“ во 2018  |  Работењето на „Агрокор“ бележи позитивни резултати  |  Diet Coke со 4 нови вкусови и со поинаков изглед  |  „Млинотест“ наскоро со нова фабрика  |  „Карлсберг БХ“ официјален дистрибутер на пивото Erdinger   |  „Молсон корс“ го купува „Аспал“  |  Пораст на продажните цени на индустриските производи во ноември  |   ||
   

Хрватска: Основано здружение на доставувачи на „Агрокор“

15.12.2017
Денес, во просториите на прехранбената индустрија „Краш" основано е Здружение на доставувачи на „Агрокор", со главна цел промовирање на интересите на доставувачите во текот на вонредната ситуација во Управата. 
На овој начин формализирана е досегашната Координација на производители и доставувачи и направен е исчекор што е неопходен за поквалитетна комуникација со јавноста и со акционерите во процесот на идната спогодба на концернот „Агрокор".

Според основачките документи, член на Управата може да стане секој правен субјект што е доставувач на доверителот. Телото на Здружението е сочинето од претседател, девет членови на управниот одбор и три члена на надзорниот одбор. За претседател на здружението избран е Марин Пуцар од „Подравка", кој вооедно е и член и претседател на Управниот одбор во кој членуваат: Роберто Шкопац („Адрис"), Невен Вранковиќ („Атлантик група"), Иван Артуковиќ („Франк"), Хрвоје Филиповиќ („Гранолио"), Динко Клепо („Краш"), Мате Шкојо („Млинар"), Ален Мравлинчиќ („Виндија"), и Дамир Скендер („Сапониа"). Во Надзорниот одбор на здружението се и: Никола Цвјетковиќ (АВТ), Јозо Љубичиќ („Жито") и Иво Маркотиќ („Бадел 1862").

На состанокот е истакнато дека Здружението е отворено за сите без оглед на големината и видот на побарувачката. Членови на Здружението заземаа јасен став дека во првата фаза нивниот интерес е зачувување на економската целина „Агрокор" и изразија желба за развивање на партнерските односи со Управата на „Агрокор" и со банките.

Иницијални членови на Здружението се следните: „Адрис група", „Алка", „Атлантик група", АВТ, „Бадел 1862", „Кроатиа осигурување", „Гранолио", „Краш", „Млинар", „Подравка", „Сапониа", ТДР, „Виндија", „Жито".



Назад
 

 
 
 
back to top