IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 26.09.2018 || „Старбакс“ укинува работни места   |  Род од 60.000 тони мандарини   |  Јужна Кореја забрани кафе во училиштата   |  Tри нови медали за вината на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“  |  Холандскиот синџир „Шпар“ влегува на пазарот   |  "Food show“ на 5-ти и 6-ти ноември во Белград   |  Голема побарувачка на производите без глутен   |  Голема забава со Петко, „Поточиња“ и вкусна храна пред Веро Тафталиџе  |  Данците бараат органска храна   |  „Едека“ воведува ласерски етикети   |  „Веро“ трајно ги намали цените на 650 производи   |  Се продава „Навип винарство“   |  Кроасаните 4U добија интернационален сертификат   |  „Метро“ најави продажба на хипермаркетите „Реал“  |  Македонија со национален штанд на најголемиот прехранбен самит во ЈИЕ   |  „Фонтера“ првпат работи со загуби   |  Сарај доби „Coca-Cola Aктивна зона“   |  Кочанскиот ориз не е со ГМО   |  „Витаминка“ изложува на саемот Worldfood Москва 2018   |  „Бовин“ прослави две децении постоење   |   ||
   

Свет: „Оркла“ ја купува „Хелт анд спортс нутришн груп“

04.12.2017

Норвешкиот прехранбен производител „Оркла" најави аквизиција со шведската компанија „Хелт анд спортс нутришн груп" (ХСНГ).

Како што соопштуваат од компанијата, „Оркла" планира да инвестира во е-продавниците на ХСНГ – Gymgrossisten и Bodystore. Првата ги таргетира спортистите и активните спортски ентузијасти, а втората нуди производи за луѓето со повисока свест за здравјето и за благосостојбата. Двете интернет-страници заедно имаат околу 24 милиони посетители годишно, што ја прави ХСНГ најголемата е-компанија за здрава и спортска исхрана во Скандинавскиот Регион.

ХСНГ, во која работат 170 луѓе, досега беше во сопственост на „Клиро груп". Седиштето на компанијата е во Стокхолм, а во Тролхетан, компанијата има логистички центар на околу 12.700 квадратни метри.

„Оркла" има своја програма за здравје, одвоена во посебен оддел – „Оркла кер", во чиешто портфолио има диететски производи, спортска исхрана и производи за одржување на тежината.

Целта на „Оркла" е зајакнување на фокусот на дигиталниот маркетинг и на продажбата, а со оваа аквизиција, веруваме дека ќе им се приближиме на поголем број активни потрошувачи, изјави Стиг Еберт Нилсен, извршен потпретседател и директор на „Оркла кер".

Од компанијата соопштуваат дека ХСНГ ќе работи како посебна единица во одделот „Оркла кер". Вредноста на договорот изнесува 36,6 милиони евра, без долгови.


Назад
 
 
 
 
back to top