IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 24.09.2018 || Голема забава со Петко, „Поточиња“ и вкусна храна пред Веро Тафталиџе  |  Данците бараат органска храна   |  „Едека“ воведува ласерски етикети   |  „Веро“ трајно ги намали цените на 650 производи   |  Се продава „Навип винарство“   |  Кроасаните 4U добија интернационален сертификат   |  „Метро“ најави продажба на хипермаркетите „Реал“  |  Македонија со национален штанд на најголемиот прехранбен самит во ЈИЕ   |  „Фонтера“ првпат работи со загуби   |  Сарај доби „Coca-Cola Aктивна зона“   |  Кочанскиот ориз не е со ГМО   |  „Витаминка“ изложува на саемот Worldfood Москва 2018   |  „Бовин“ прослави две децении постоење   |  „Бимилк“ му даде нов лик на Тумбе Кафе во Битола   |  „Лесковачка скара“ само со дозвола   |  „Бучен Козјак“ се редизајнираше – производите со нови дизајни веќе се на полица  |  Пивото ќе поскапи од 2019 година  |  Нова мобилна апликација на „Рамстор“   |  За три месеци одземени половина тон лажен мед   |  Нема потврда од науката дека ГМО се штетни   |   ||
   

Македонија/Бразил: Одземена дозвола за увоз на месо на бразилска компанија

09.01.2018

Агенцијата за храна и ветеринарство ѝ ја одзеде дозволата за извоз на месо во Македонија на Бразилската компанија „Сеара алиментос ЛТДА", соопшти државната институција.

Како што се наведува во соопштението, Агенцијата за храна и ветеринарство ги известува операторите со храна дека преку Министреството за надворешни работи на Република Македонија, од дипломатско конзуларното претставништво на Бразил во Бугарија добила известување дека на компанијата ѝ била одземена лицернцата за извоз и фирмата била избришана од регистарот на овластени бразилски извозници на месо.

Од Агенцијата информираат дека по добиеното известување била засилена активноста на инспкциските служби на на граничните премини, со цел да се спречи можноста за внесување на пратки со месо од Бразил од компании на кои им е изречена забрана извоз.

Како одговорна институција за безбедноста на храната ја информираме јавноста дека по минатогодишните случувања и истрагите во месната индустрија во Бразил, Агенцијата за храна и ветеринарство е во постојана комуникација со амбасадата на Република Македонија во оваа јужноамериканска земја, со која се разменуваат информации за случувањата во месената индустрија, за што се информираат и стопанските комори во земјава, велат во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од таму подвлекуваат дека увоз не месо се врши исклучиво од одобрени земји за увоз и од одобрени објекти и дека секоја пратка задолжително е пропратена со ветеринарно здравствен сертификат, со што се гарантира безбедноста.


Назад
 
 
 
 
back to top