IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 18.08.2018 || Законот за петокраката може да го забрани Heineken  |  „Констелејшн брендс“ вложува 5 милијарди долари во марихуана  |  Скопско ги враќа маалските дружби во Карпош  |  Нов начин на пакување на бананите  |  Наскоро ќе се знае судбината на „Равница“  |  Во Србија храната се купува на одложено  |  „Унилевер“ има нов логистички партнер  |  Реновиран „Рамстор“ во Ново Лисиче  |  „Шпар“ ќе отвори уште 80 објекти  |  Успешно прво полугодие за „Баерсдорф“  |  Осмислена првата паметна кошница за мед  |  ЕУ одобри извоз на млеко од БиХ  |  Спорните соини шницли на „Виталиа“ содржат ГМО  |  За домашната ракија ќе се плаќа акциза  |  „Лидл“ го намалува прехранбениот отпад  |  Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски  |  ГМО во сојата на „Виталиа“ и во кочански ориз  |  Нови награди за македонските вина  |  „Нели“ ќе произведува бонбониера Azbuka  |  АВТ нов дистрибутер на „Вернер & Мерц“  |   ||
   

Македонија: Од 2018 година, интернет-продавници на „Тинекс“ и „Космо“

08.11.2017

Трговската компанија „Тинекс" од почетокот на претстојната година ќе пушти во употреба интернет-продавници за трговскиот синџир „Tinex" и за синџирот дрогерии „Cosmo".

 

Како што информираат во компанијата, во моментов работат на прецизирање на концептот, начинот на работење и на екипирање со кадар кој ќе биде посветен на интернет-тргувањето.

Според најавите, проектот ќе стартува на територијата на Скопје, а на корисниците, преку двете продавници, ќе им бидат достапни повеќе од 6.000 производи.

Во интернет-продавницата Tinex ќе бидат опфатени повеќе од 5.000 производи од различни категории, како основни прехранбени производи, млечни и сувомесни производи, деликатесни производи, свежо овошје, зеленчук, месо и риба, пијалаци, здраво храна, козметика и средства за чистење. Во интернет-продавницата Cosmo, за почеток, ќе бидат опфатени 1.000 производи - парфеми и тоалетни води, а во иднина асортиманот ќе го прошириме со повеќе различни категории, како козметика за лице и за тело, декоративна косметика и накит, вели Цветанка Христовска, главен бренд директор на „Тинекс".

Нарачките ќе се доставуваат до домовите или до работните места, а корисниците ќе имаат можност да ги подигнуваат и во неколку маркети што ќе бидат определени за тоа.На почетокот интернет-продавницата ќе биде достапна на територијата на град Скопје, но во иднина планираме оваа услуга да ја понудиме и во другите градови, вели Христовска.

Според предвиденото, плаќањето ќе се врши со платежни картички - дебитни и кредитни.


Назад
 
 
 
 
back to top