IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 26.09.2017 || „Таргет“ се вклучува во ценовната војна  |  Срѓан Златичанин е новиот генерален директор на „Фриком“  |  Извозот на вина и пијалаци се зголеми за 12%  |  „Алди“ ги отвора првите безнински пумпи  |  „Лидл“ ќе продава производи направени според стари семејни рецепти  |  „Кока-кола активна зона“ во Радовиш  |  „Шпар“ - прв меѓународен синџир во Белорусија  |  „Макпрогрес“ ја презема „Дониа“  |  Prohibition – нова безалкохолна верзија на Budweiser  |  „Браун-Форман“ ја зголеми продажбата  |  Oд понеделник во продажба Добриот леб   |  „Крафт-Хајнц“ заинтересирани да го преземат „Данон“  |  „Млекара Плана“ вторпат на продажба  |  „Перно Рикар“ најавува зголемување на продажбата  |  Првата пратка производи тргна за Москва  |  Најважна е поддршката на домашните компании  |  „Ахолд Делез“ е меѓу лидерите за одржливо работење  |  „Жито“ во Петровец, прв во таа општина  |  Нова сезона на „Полица за домашните“ во „Лидл“  |  Златни медали за вината на „Тиквеш“ во Кина   |   ||
   

Словенија: Нова сезона на „Полица за домашните“ во „Лидл“

12.09.2017

Словенечките производители на прехранбени и на друг вид производи ќе имаат можност своите ремек-дела да ги пласираат во трговските објекти на синџирот „Лидл" во земјата.

Компанијата „Лидл" - Словенија деновиве објави конкурс за избор на производите што од почетокот на 2018 година ќе бидат достапни за купувачите во маркетите „Лидл", во посебно катче со врвни словенечки продукти.

Проектот „Полица за домашните" (Lidlova Lojtr'ca domačih) беше лансиран минатата година, кога со помош на стручно жири беа одбрани повеќе од 500 производи, од кои во трговските објекти на „Лидл" беа изложени повеќе од 100.

Тоа е доказ дека во Словенија не ни недостасуваат производители што можат да понудат продукти со врвен квалитет. Сакајќи на нашите купувачи да им го понудиме најдоброто, оваа година си ветуваме дека на „Полицата за домашните" ќе понудиме исклучително квалитетни производи и дух на семејноство, вели Акош Силаѓи, извршен директор за набавки во „Лидл" - Словенија.

„Лидл" годинава одбележува 10 години присутност во Словенија. Од компанијата велат дека се силно посветени да развијат соработка со словенечките снабдувачи и дека веќе соработуваат со 70, во Словенија и на странските пазари каде што е присутен „Лидл", а многу словенечки производи се дел и од трговските марки на „Лидл".

Назад
 

        
 
 
 
back to top