IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 23.11.2017 || Просечната нето-плата во септември – 23.229 денари  |  Голем пораст за приватните трговски марки на „Теско“  |  Амазон оди „во шопинг“  |  „Попова кула“ со добивка од 4,8 милиони денари  |  Задолжителна квота за жени во управувањето со компаниите  |  „Дониа“ наградена со јубилејно признание  |  „Алибаба“ со нова инвестиција од 2,9 милијарди долари   |  Почнува втората потрага по „Добри брендови“  |  „Хол фудс“ со поголеми снижувања за премиум членовите на „Амазон“  |  „Тиквеш“ го претстави годинашното младо вино  |  Argeta веќе се произведува и во САД  |  Поповолна економска состојба во преработувачката индустрија во октомври   |  Зголемен прометот во индустријата во септември  |  Деловни средби за нови партнерства  |  Унапредување на трговските односи меѓу двете земји  |  „Нестле“ ќе го реорганизира бизнисот со храна за бебиња  |  „Нимрод“ е втор снабдувач со дивеч во Европа  |  Крањските колбаси собраа 1.200 посетители  |  „Кооп“ воведува свинско без антибиотици  |  Месото најскапо во Швајцарија  |   ||
   

Македонија: Нова инвестиција на „Империал тобако“

15.06.2017

„Империал тобако" инвестираше 1,86 милиони евра во нова, современа производствена линија во фабриката во Скопје.

Од компанијата соопштуваат дека високиот квалитет на линијата за т.н. Midi Slims или Queen Size пакувања, ги задоволува најновите европски стандарди, па паралелно со зголемувањето на производствениот капацитет, се отвораат можности за пораст на извозот на пазарите на ЕУ и надвор од неа. Во Македонија пак, со инвестицијата се зголемува потенцијалот за развој на деловната соработка на компанијата со сите субјекти во синџирот на тутунската индустрија, од производителите на тутун, до дистрибутерите и продажбата.

Со 15-годишното присуство во Македонија, „Империал тобако" е докажан долгорочен партнер на македонската економија и на нејзиниот развој. За да се постигнат максимални резултати, неопходни се долгорочна предвидливост на регулативата и фер однос кон сите легални субјекти на пазарот, рече Пиа Барборич-Јурјашевич, претседателка на управниот одбор на „Империал тобако" за Јадранскиот Регион.

Модерната производствена линија е единствена од тој вид во земјава и втора со исти перформанси во целата групација на „Империал тобако", на глобално ниво.

Со инсталирањето на новата линија токму во Скопје, се покажува дека македонската фабрика има стратешка улога во групацијата и дека долгорочно се планира и инвестира во нејзиниот развој. Истовремено, тоа е потврда за знаењето, професионалноста и за квалитетот на нашите вработени. Особено горди поради тоа, истакна Никола Коларовски, директор на фабриката.

Ова вложување доаѓа во годината кога „Империал тобако" одбележува 15 години од влезот во Македонија. Со него, вкупните инвестиции достигнале околу 35 милиони евра.


Назад
 

 
 
 
back to top