IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 25.11.2017 || Budweiser ќе испраќа јачмен во вселената  |  Весел почеток на соработката меѓу „Вела“ и „Орбико“  |  Пораст на е-продажбата на dm  |  „Карфур“ лансира одржлива приватна трговска марка  |  Просечната нето-плата во септември – 23.229 денари  |  Голем пораст за приватните трговски марки на „Теско“  |  Амазон оди „во шопинг“  |  „Попова кула“ со добивка од 4,8 милиони денари  |  Задолжителна квота за жени во управувањето со компаниите  |  „Дониа“ наградена со јубилејно признание  |  „Алибаба“ со нова инвестиција од 2,9 милијарди долари   |  Почнува втората потрага по „Добри брендови“  |  „Хол фудс“ со поголеми снижувања за премиум членовите на „Амазон“  |  „Тиквеш“ го претстави годинашното младо вино  |  Argeta веќе се произведува и во САД  |  Поповолна економска состојба во преработувачката индустрија во октомври   |  Зголемен прометот во индустријата во септември  |  Деловни средби за нови партнерства  |  Унапредување на трговските односи меѓу двете земји  |  „Нестле“ ќе го реорганизира бизнисот со храна за бебиња  |   ||
   

Србија: Нов „Универекспорт“ за новосаѓани

06.11.2017

Новиот малопродажен објект на „Универекспорт", на улицата Марко Миљанов, бр. 3 во Нови Сад, беше свечено отворен на почетокот од месецов.

Токму во Нови Сад е основана компанијата и овде беше отворен првиот продажен објект. Со отворањето на уште еден маркет во овој град, 19. по ред, ја наградуваме верноста на новосаѓани, стекната во текот на 27-те години, истакнуваат од компанијата.

Новоотворениот маркет се протега на површина од околу 400 квадратни метри. Во него се вработени 14 нови работници, а купувачите на располагање имаат 3 каси за наплата.

Асортиманот, кој е приспособен на секојдневните потреби на современиот потрошувач, го продолжува концептот – за сите потрошувачи, само најдоброто, стои во соопштението на трговецот, во кое се додава дека акцентот е на свежото месо и на месните преработки, кои не се увезуваат и не се замрзнуваат, односно се набавуваат директно од домашната фарма „Бачка".


Назад
 

 
 
 
back to top