IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 21.07.2018 || „Луксол“ повторно работи  |  Трговски vs А-брендови  |  „Волмарт“ се повлекува од јапонскиот пазар  |   Нови бензиски пумпи на КТЦ  |  Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |   ||
   

Македонија: Нов „Бест маркет“ во ТЦ „Рем мол“

28.07.2017

На 21 јуни, во Тетово беше отворен супермаркетот „Бест", кој се протега на продажна површина од 1.740 метри и на дополнителен магацински простор од 423 квадратни метри.

Новиот супермаркет се наоѓа во трговскиот центар „Рем мол", на улицата 120, бр. 2. Вкупниот број на вработени е 40, а потрошувачите можат да се услужуваат на 4 наплатни каси. За потрошувачите е обезбеден и бесплатен паркинг-простор, кој има капацитет за 180 возила.

Супермаркетот располага со огромен асортиман со повеќе од 11.000 производи од домашни и од странски производители, распоредени во посебни оддели: пекарница, месарница, оддел за овошје и за зеленчук, прехранбен и непрехранбен дел, како и дел за автокозметика.

Сопственикот Шефки Идризи за InStore открива дека подготовките за новиот маркет траеле околу два месеци. Тој вели дека „Бест маркет", како еден од најголемите супермаркети во Тетово, е направен според највисоките трговски стандарди, што обезбедува полесно и побрзо задоволување на потребите на купувачите, кои се центар на вниманието, како и одржување на стандардите на квалитетот и сигурноста при управување со храната.

Можеме да ветиме дека ќе бидеме препознатливи по квалитетот на производите, пријатниот амбиент, љубезната услуга и најисплатливата понуда за потрошувачите. Нашата задача е да обезбедиме најдобар квалитет по најдобри цени, со најголем асортиман на производи, истакна Идризи.


Назад
 
 
 
 
back to top