IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 22.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Велика Британија: „Номад фудс“ ја презема „Ент Бесис“

07.06.2018

Прехранбената компанија „Номад фудс" во понеделникот објави дека склучила договор за преземање на британскиот производител на пакувана храна „Ент Бесис" од „Вилијам Џексон & сан" за 240 милиони евра.

Аквизицијата на „Ент Бесис", компанија позната по своите јоркшир пудинзи и смрзнати компири, ќе ја зајакне позицијата на „Номад фудс" во Обединетото Кралство, која на британскиот пазар е присутна со смрзнатите производи Birds Eye и со брендот пици Goodfella's.

Ѝ посакуваме добредојде на „Ент Бесис" во „Номад фудс". Познатите брендови на „Ент Бесис", позитивните вредности и силните квалификации одлично се вклопуваат во нашето постојно портфолио, коментира Стефан Десхимакер, главен извршен директор на „Номад фудс".

Тој додава дека со втората аквизиција годинава, по преземањето на сопственикот на Goodfella's – „Грин ајл фудс" во април, „Номад фудс" е чекор поблиску до целта да ја трансформира категоријата смрзната храна и да изгради портфолио со најдобри брендови во категоријата: „Ент Бесис" значително го проширува нашето присуство со брендот компири, една од најголемите категории во смрзнатата храна, додавајќи уште една димензија на нашето растечко портфолио во Обединетото Кралство.


Назад
 
 
 
 
back to top