IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 20.05.2018 || Едукативен и инспиративен ден за паметење  |  Утре се одржува 4. FMCG Summit Скопје 2018  |  „Игло“ ја зголеми продажбата за 15%  |  Ванилата поскапа од среброто  |  Нова инвестиција на „Даути комерц“  |  Потрошувачите ги избраа производите на годината  |  „Хенкел“ останува посветен на продолжување на порастот  |  Цените на индустриските производи пониски на месечно, повисоки на годишно ниво  |  Решенија за поефикасно и поефективно работење  |  Преработувачите очекуваат поголема конкурентност на домашниот пазар  |  „Монделез“ го презема „Тејтс бејк шоп“  |  „Нестле“ ќе го продава кафето на „Старбакс“  |  Плаќање со мобилен телефон во „Меркатор“   |  Се укинуваат временските ограничувања за продажба на алкохол  |  Потрошувачката на пиво е најголема во последните пет години  |  „Подравка“ со најдобри резултати во историјата  |  Суперлативи од „Вајн адвокејт“ за три вина на „Стоби“  |  „Виталиа“ ќе вработува ученици по нивното матурирање   |  „Меркатор“ забележа загуба од 181 милион евра  |  „Лидл“ им ги зголеми платите на вработените  |   ||
   

Словенија: „Нимрод“ е втор снабдувач со дивеч во Европа

17.11.2017

Словенечката семејна компанија „Нимрод" од Шкофја Лока е вториот најголем понудвач на дивеч во Европа, од кој се снабдуваат многубројни хотели, ресторани и малопродажни синџири.

 

Годишно произведуваат 2.200 тони месо од дивеч, од кои најголемиот дел го извезуваат во Швајцарија, Франција, Италија и во Австрија, а една десетина од производството продаваат на пазарот во Словенија.

Нашата предност е што месото го откупуваме од земји каде што начинот на ловење е уреден, така што ловецот веднаш по отстрелот ги чисти внатрешните органи од животното и час поскоро го става на ладење на температура од два до четири Целзиусови степени. На поголемиот дел од ловечките друштва со коишто соработуваме им дадовме ладилници за чување на месото, вели Кристјан Хледе, директор на „Нимрод", кој неодамна го презеде раководството од неговиот татко Миро.

Побарувачката за месо од дивеч, како што вели тој, се зголемува, што прави продажбата на месо во „Нимрод" да се зголемува за пет проценти годишно. Продажбата во Словенија се зголемува постепено.

Потрошувачите сфаќаат дека месото од дивеч е здраво и дека не е многу скапо, како што обично се мисли, појаснува Хледе.

Компанијата работи со 60 вработени, а во 2016 година остварила приходи од 13 милиони евра.


Назад
 

 
 
 
back to top