IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 22.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Свет: Незначително намалување на цените на храната во ноември

07.12.2017

Индексот на цените на храната во ноември годинава во просек изнесувал 175,8 поени, односно бил за 0,5% понизок во однос на октомври и речиси за 2,3% повисок во однос на ноември минатата година, денеска објави Организацијата за храна и земјоделство (ФАО).

Остриот пораст на цената на шеќерот и на растителните масла, во голема мера бил неутрализиран од падот на вредноста на млекото и на млечните производи, а меѓународните цени на житарките и на месните производи, останале релативно намалени.

  • Индексот на цените на житни културиво просек изнесувал 153,1 поени во ноември годинава, речиси непроменет во однос на октомври, но зголемен за 8,3% во споредба со ноември 2016 година.
  • Во ноември годинава, индексот на цените на растителните масла во просек изнесувал 172,2 поени, што е пораст за 1,2% во однос на претходниот месец. Минатиот месец цените на маслата го достигнаа максималното годишно ниво, а порастот главно се рефлектира преку повисоките цени на маслата од соја и од маслодајна репка, како и на сончогледовото масло.
  • Индексот на цените на млекото и млечните производи во просек изнесувал 204,2 поени во ноември, што е пад за 4,9% во споредба со претходниот месец. Тоа е втор последователен месец на нагло опаѓање, но индексот сè уште е за 9,6% повисок од ноември минатата година.
  • Во ноември годинава, индексот на цените на месото* во просек изнесувал 173,2 поени, речиси непроменет во однос од ревидираната октомвриска вредност. Цените за свинското месо се намалуваат трет месец по ред, како и на овчото месо, кои бележат пад втор последователен месец. Спротивно на тоа, цените на говедското месо се зголемуваат трет месец по ред, а цените на месото од живина, остануваат стабилни.
  • Ноемврискиот индекс на цените на шеќеротво просек изнесувал 212,7 поени, за 4,5% повисок во однос на октомври, но дури за 26% понизок од истиот месец минатата година.

* За разлика од другите групи, поголемиот дел од цените што се користат за пресметка на индексот на цените на месото, не се достапни кога се пресметува и објавува овој извештај. Вредноста на индексот на цените на месото е изведена од комбинација на проектираните и на забележаните цени.

 
Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) ја мери месечната промена на меѓународните цени на потрошувачката кошница. Тој се состои од просекот на индексите на цените на петте групи прехранбени производи, пондерирани со просечните извозни удели на секоја од групите.


 


Назад
 
 
 
 
back to top