IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 22.07.2018 || „Луксол“ повторно работи  |  Трговски vs А-брендови  |  „Волмарт“ се повлекува од јапонскиот пазар  |   Нови бензиски пумпи на КТЦ  |  Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |   ||
   

Свет: „Нестле“ применува нова технологија за намалување на шеќерот

10.04.2018

На британскиот и на ирскиот пазар, „Нестле" ги пушти во продажба Milkybar Wowsomes – чоколатца со 30% помалку шеќер, кои имаат непроменет вкус.

Чоколатцата со значително помалку количество шеќер, компанијата ги воведува на пазари, каде владата и потрошувачите ѝ прават дополнителен притисок на прехранбената индустрија да го намали бројот на калории во производите поради зголемениот процент на заболени од дијабетис, особено меѓу децата.

На новите производи, за првпат е применета технологијата што „Нестле" ја претстави во 2016 година, која ја прави структурата на шеќерот помалку шуплива, со што со помало количество на шеќер се постигнува ист вкус.

Британската влада почна повеќе иницијативи за намалување на детската дебелина, а една од нив е и намалување на количеството на шеќер во одделни производи за 20% до 2020 година. Британија е и една од земјите во кои е воведен данокот на шеќер за да помогне во борбата против дебелината кај децата, која е четирипати поголема отколку во 1980 година.

Извор: www.esmmagazine.com  


Назад
 

 
 
 
back to top