IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 26.09.2018 || „Старбакс“ укинува работни места   |  Балкански „Фестивал на сирења“ во Белград   |  Сè повеќе тестирања за безготовинско плаќање  |  Род од 60.000 тони мандарини   |  Јужна Кореја забрани кафе во училиштата   |  Tри нови медали за вината на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“  |  Холандскиот синџир „Шпар“ влегува на пазарот   |  "Food show“ на 5-ти и 6-ти ноември во Белград   |  Голема побарувачка на производите без глутен   |  Голема забава со Петко, „Поточиња“ и вкусна храна пред Веро Тафталиџе  |  Данците бараат органска храна   |  „Едека“ воведува ласерски етикети   |  „Веро“ трајно ги намали цените на 650 производи   |  Се продава „Навип винарство“   |  Кроасаните 4U добија интернационален сертификат   |  „Метро“ најави продажба на хипермаркетите „Реал“  |  Македонија со национален штанд на најголемиот прехранбен самит во ЈИЕ   |  „Фонтера“ првпат работи со загуби   |  Сарај доби „Coca-Cola Aктивна зона“   |  Кочанскиот ориз не е со ГМО   |   ||
   

Куба: „Нестле“ гради фабрика за кафе и за бисквити

01.12.2017

Швајцарската прехранбена компанија „Нестле" во вторникот положи камен-темелник за изградба на фабрика за кафе и за бисквити на Куба, инвестиција вредна 55 милиони долари.

Фабриката, која ќе се гради во развојната бизнис-зона Мариел, е заедничка инвестиција на „Нестле" и на кубанската компанија „Коралса корпорасион алиментариа".

Преговорите со кубанскиот партнер и со властите на Мариел траеја 18 месеци – рекордно кратко време, нагласи Лорен Фреи, раководител на одделот за Северна, Средна и Јужна Америка во „Нестле".

Фабриката ќе почне со производство на крајот од 2019 година и во почетната фаза ќе произведува кафе, а нешто подоцна и бисквити, како и кулинарски специјалитети. Производите ќе бидат наменети за кубанскиот пазар и за туристите што го посетуваат островот, а компанијата би можела и да извезува кубанско кафе, додава Фреи.

Минатата година, „Нестле" извезувала кубанско кафе во САД, во ограничената линија капсули Cafecito de Cuba. Сепак, пред да почне со континуиран извоз, Фреи вели дека „Нестле" ќе ѝ помогне на Куба да го зголеми родот, кој непрекинато се намалува од 1959 година.

Бизнис-зоната околу пристаништето Мариел, западно од Хавана, која е изградена пред четири години, на компаниите им нуди значителни даночни и царински олеснувања. Таа ги одржува настојувањата на претседателот Раул Кастро да го привлече меѓународниот капитал, за да ја осовремени економијата и да го поттикне порастот, пишува „Ројтерс".


Назад
 
 
 
 
back to top