IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 25.11.2017 || Budweiser ќе испраќа јачмен во вселената  |  Весел почеток на соработката меѓу „Вела“ и „Орбико“  |  Пораст на е-продажбата на dm  |  „Карфур“ лансира одржлива приватна трговска марка  |  Просечната нето-плата во септември – 23.229 денари  |  Голем пораст за приватните трговски марки на „Теско“  |  Амазон оди „во шопинг“  |  „Попова кула“ со добивка од 4,8 милиони денари  |  Задолжителна квота за жени во управувањето со компаниите  |  „Дониа“ наградена со јубилејно признание  |  „Алибаба“ со нова инвестиција од 2,9 милијарди долари   |  Почнува втората потрага по „Добри брендови“  |  „Хол фудс“ со поголеми снижувања за премиум членовите на „Амазон“  |  „Тиквеш“ го претстави годинашното младо вино  |  Argeta веќе се произведува и во САД  |  Поповолна економска состојба во преработувачката индустрија во октомври   |  Зголемен прометот во индустријата во септември  |  Деловни средби за нови партнерства  |  Унапредување на трговските односи меѓу двете земји  |  „Нестле“ ќе го реорганизира бизнисот со храна за бебиња  |   ||
   

Свет: „Нестле“ го поддржува одржливиот развој

16.03.2017

Во согласност со долгорочните цели на кои се обврза „Нестле", како поддршка на планот на ОН за одржлив развој до 2013 година, компанијата до крајот на 2020 година ќе преземе значајни чекори во своето работење.

Како што беше соопштено, во следните години „Нестле" ќе работи за поздрав живот на 50 милиони деца, за подобрување на животниот стандард на 30 милиони луѓе во заедниците што се директно поврзани со бизнис-активностите на компанијата, како и на намалување на влијанието врз животната средина, односно негово сведување на нула.

На тој начин, компанијата придонесува за општеството преку три клучни области на дејствување – поединците и семејствата, заедницата и планетата. Еден од примерите е глобалната обврска за намалување на шеќерот во кондиторските производи за 5 отсто до 2020 година, што подразбира дека со достигнувањето на таа цел само во Европа, ќе бидат отстранети најмалку 18.000 тони шеќер од производите. Освен тоа, за 10 отсто ќе биде намалена додадената сол во производите на глобално ниво, а од производите ќе бидат отстранети и сите вештачки бои. До 2020 година, „Нестле" во портфолиото ќе додаде уште најмалку 750 милиони порции зеленчук, 300 милиони порции богати со хранливи состојки, како и повеќе јаткасти плодови и семки, се наведува во соопштението на компанијата.

Овој и уште неколку примери се обединети во извештајот „Нестле во општеството: создавање на заеднички вредности и реализација на обврските во 2016 година". Во рамките на извештајот, детално се образложени и 42-те обврски што „Нестле" треба да ги исполни до 2010 година, досегашниот напредок и идните планови.


Назад
 

 
 
 
back to top