IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 12.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

АХВ: Нема потврда од науката дека ГМО се штетни

12.09.2018
Од генетски модифицираните организми (ГМО) регистрирани во светски рамки, досега не е евидентиран ниту еден штетен случај врз здравјето на луѓето, рече директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов, на трибината на оваа тема што се одржа во Стопанска комора. 


Среќко Ѓорѓиевски, професор на Факултетот за земјоделски науки и храна напомена дека се докажани поголеми штетни влијанија од употребата на хормоните и микотоксините, отколку од генетски модифицираната храна. Според него, засега не се констатирани генетски модифицирани производи со штетно влијание во исхраната на животните. Противници на овој тип храна има, но над 95 проценти од анализите покажуваат дека животните хранети со генетски модифицирани продукти не прават проблем.

Има неколку фази кои претходат за да биде загрозена хуманата популација. Произведената генетски модифицирана пченка или соја за исхрана на животните, прво треба да се види дали е послаба или подобра во квалитет, дали го менува процесот на варење, какви хранливи материи содржи, дали го пренесува модифицираниот ген во ткивото на добитокот, колкава е неговата видливост и каренца, дали ќе премине во сточарските производи, објасни професорот. 

Има микотоксини и хормони, дополни Ѓорѓиевски, кои се задржуваат во ткивата на живoтоните и дури може да се пренесат во храната, како афла токсините кои се трансферираат во млекото или месото со каренца од 17 до 30 дена.

Се уште нема студија која може научно да докаже дека генетски модифицираната храна е штетна. Но, институциите секако мора да воведат строга контрола за да нема измама на потрошувачите зашто целата приказна е тоа, рече Ѓорѓиевски. 

Во Македонија засега само на Факултетот за ветеринарна медицина се прави скрининг за ГМО, иако има уште една лабораторија што може да да утврди и квантификација. Како што истакна Ѓорѓиевски, на домашните анализи можеме да се потпреме, а ако операторите евентуално не се задоволни од исходот, моќе да испратат проби надвор за супер анализа.
Во Европа прописите за регистрација и одобрување ГМО се многу строги, а за тоа се свесни и компаниите што сакаат да дојдат до таков производ. Кога аплицираат во Европската агенција за безбедност на храната, тие знаат низ какви долги процедури на испитување и истражување мора да поминат. Прагот, пак, на толеранција во ЕУ за генетска модификација на некој производ или организам е 0,9 отсто.

Домашните потрошувачи бараат подобро информирање и регулирање на областа, како и уредување на законската регулатива, додека стопанството е за усогласување со ЕУ легислативата која строго предвидува пред да се одобрат и пуштат во употреба ГМО, да се направат детални испитувања за евентуалните штетни последици по здравјето на луѓето. 
АХВ достави Предлог-правилник до Владата со измени на регулативата според европската, но се уште се чекаат мислењата од надлежните.



Назад
 
 
 
 
back to top