IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 22.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Швајцарија: Нарачки од „Мигрос“ на само едно копче

07.06.2018

Најголемиот трговски синџир во Швајцарија, „Мигрос", се вклучи во пилот-проектот на Швајцарската поштa, кој ќе им овозможи на купувачите избор на производи и нарачка до нивните домови со притискање на само едно копче.

Швајцарската пошта соопшти дека тестира уред, кој во моментов ги опфаќа само нејзините услуги и производи, но и дека на проектот веќе соработува со неколку трговски компании.

Кооперативниот синџир супермакрети „Мигрос", продавниците за храна за миленичиња „Квали пет" и синџирот ресторани „Доминос пица" се меѓу првите што ќе го користат уредот.

Со помош на малиот уред, купувачот, откако ќе го одбере производот од печатениот каталог, со едно кликање на копчето испраќа сигнал за нарачка кон трговецот, по што добива СМС порака за потврда на нарачката. Адресата на испорака и начинот на плаќање се дефинирани со регистрирањето како корисник. Според најавите, нарачките ќе бидат испорачувани следниот ден.


Назад
 
 
 
 
back to top