IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 15.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Хрватска: Намалена нето-добивката на „Подравка“ во 2017 година

05.03.2018
Групацијата „Подравка" во 2017 година оствари нето-добивка од околу 7,2 милиони евра, дури 70,2% помалку во споредба со 2016 година, кога изнесуваше 24,4 милиони евра.
На движењето на приходите од продажбата во најголем дел влијаеше: немањето програма за дезинвестирање на пијалаци како во минатите години, остварувањето на еднократната продажба на стокови резерви во Министерството за стопанство во 2016 година и идентификување на неконзистентноста во третманот на евидентирање на приходите на пазарот во Русија. Без наведените влијанија, „Подравка" можеше да оствари пораст од 1,2 отсто во споредба со една година претходно.

Кога станува збор за реализација на приходите од продажбата на странските пазари, од компанијата особено го истакнуваат порастот од 9,4% во Источна Европа.

Бруто-добивката на групацијата во наведениот период изнесува 199,4 милиони евра, додека остварената нето-добивка 7,3 милиони евра. Профитабилноста на „Подравка" е под влијание на одлуките што во 2017 година имаа негативно влијание на профитабилноста, но беа предуслов за создавање на одржлив и профитабилен пораст на работењето, стои во соопштението на компанијата.

Приходите во сегментот прехрана изнесуваа околу 436 милиони евра. Во сегментот фармација забалежан е пораст од 6,4% во споредба со 2016 година - 116,6 милиони евра.

На наведениот пораст најмногу влијаеше порастот од продажбата на сопствените брендови од 6,9%.



Назад
 
 
 
 
back to top