IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 22.07.2018 || „Луксол“ повторно работи  |  Трговски vs А-брендови  |  „Волмарт“ се повлекува од јапонскиот пазар  |   Нови бензиски пумпи на КТЦ  |  Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |   ||
   

Србија: „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола

19.06.2018

Компанијата „НТ Болеро" од Чачак на 15 јуни го отвори производствениот погон за преработка на овошје „Калибро" во Топола, инвестиција вредна 1,5 милиони евра, пренесуваат српските веб-портали.

Според Бојан Јањиќ, директор на „Калибро", во производствениот погон освен што ќе се преработува овошје, ќе настојуваат да воведат и нови производствени процеси, први во земјата, по светски стандарди.

Во Топола почнавме со инвестирање во 2010 година – најпрвин беше отворен малопродажниот објект преку фирмата „НТ Болеро", потоа големопродажниот и сега, го отвораме производствениот погон, рече тој.

Ненад Матовиќ, директор на „НТ Болеро", нагласи дека со инвестицијата од 1,5 милиони евра во производствениот погон „Калибро", очекуваат да станат водечки производител и дистрибутер во земјата и надвор од неа. Се надеваме дека новите 50 работници, колку што ни се потребни на почетокот, ќе ни помогнат во тоа, а тука е и искусниот тим менаџери, кој веќе покажа исклучителни резултати во матичната фирма „НТ Болеро", изјави тој.

Истиот ден, компанијата од Чачак отвори и дисконтен центар во Ужице.


Назад
 
 
 
 
back to top